Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020
Тепачка имало во штаб на политичка партија во Кисела Вода.
Во 22.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на бараките на општина Кисела Вода, во просторија штаб на политичка партија, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу Н.И.(26) и Н.А.(22), двајцата од Скопје.
Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.