„Две лица пукале од автоматско оружје“, МВР со детали за убиството во Чаир
Објавено во: Македонија 26 Април, 2022 10:35
Четириесет и седумгодишен маж синоќа почина од прострелна рана во чајџилница во скопски Чаир. Според соопштението на МВР, настанот бил пријавен околу 21:40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“.
„Во престрелката тешко е повреден Ј.И. (47) од Скопје, кој бил испратен во Клинички комплекс „Мајка Тереза“, каде околу 22:20 часот починал. Со повреди се здобиле и М.А. (43) и Љ.Ш.(42) од Скопје, кои се испратени со лекарска помош во Општата болница „Свети Науми Охридски“, се вели во известувањето на МВР.
Неофицијално, скопјанецот Јонуз Идризи е убиенот во пукањето. Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година, јавува 24 инфо.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




