ДВЕ ЛИЦА ДОБИЈА КРИВИЧНА ЗА ДЕМНЕЊЕ: испраќале писма со тенденциозна содржина, предизвикале вознемиреност
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024 12:31
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против дебарчанец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“.
- Поднесена е кривична пријава против Р.И.(43) од Дебар и Т.Б.(30) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар - информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.
- Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност - додаде Димоски.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




