16 Декември, 2025
0.1056

Две деца од Солун ја изгубиле топката која го спаси Иван

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 15:10

Добивај вести на Viber

30 годишниот Иван се спаси во морето во Грција со помош на топката која пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос. 

Момчето беше 18 часа исчезнато во морето кај Халкидики, а топката стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија грчките медиуми.

„Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr.

На оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!

Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море. Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот“, објави порталот, а пренесува Прототема.

Во меѓувреме, грчките служби го бараат и третиот исчезнат. 

„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо. Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот и му помагала кога се уморил. Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите“, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа.

Потрагата по третото исчезнато лице на Халкидики продолжува, додека неговите двајца пријатели сега се здрави и живи.

Тој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики. Како што пишува „In.rg“ крајбрежни пловила и хеликоптер на воздухопловните сили ја скенираат областа, но не успеале да лоцираат знак за животот на 28-годишникот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење