Дури 45 проценти ќе прифатат работа за плата помала од очекуваната
Објавено во: Балкан, Економија 31 Август, 2016
Дури 45 проценти од луѓето кои одат на интревју за работа ќе прифатат работа за плата помала од очекуваната.
Иако не се задоволни со овој факт, сепак кандидатите ја прифаќаат работата со надеж дека понатаму нивната плата ќе се зголеми и ќе ги достигне нивните очекувања. Ова е резултатот од анкета направена од сајтот „Мој посао“ со повеќе од 1.600 испитаници.
„Мислам дека во Хрватска можноста за преговарање за платата е ретка и дека такво нешто би било крај на разговорот“ - вели една испитаничка.
Друга испитаничка објаснува дека е вработена, има некакви примања и тоа ќе и помогне да бара друга работа.
Околу 33% се изјасниле дека ќе преговараат за плата, а ако не им се допадне понудата нема да прифатат да работат. Тоа се главно луѓе кои имаат работа, но поради повисока плата би ја смениле работата.
Од анкетираните 22% одговориле дека ќе се обидат да преговараат, но ако не ја добијат посакуваната плата. Ако не им успее, ќе работат и за помалку пари.
Некои велат дека ќе прифатат да работат за помала плата, но ако претходно договорените услови им одговараат.