14 Декември, 2025
0.0361

ДУРИ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СВРТЕЛЕ СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - кој друг направи најголем промет на Берзата во мај

Објавено во: Финансии 08 Јуни, 2023 08:27

Добивај вести на Viber

Дури 1,41 милиони евра се свртеле на Берзата само со акциите на Комерцијална банка во текот на еден месец, односно во мај годинава.

Со овој остварен промет од 1,5 милиони евра, акцијата на Комерцијална банка е убедливо најтргувана на Берзата, покажува берзанскиот билтен. Во вкупниот промет тргувањето со акциите на Комерцијална банка изнесувало дури 34,11 отсто.

Дури 313 трансакции за еден месец биле направени со акциите на Комерцијална банка, а биле истргувани 7.326 акции.

Второ акционерско друштво со чии акции најмногу се тргувало во мај на Македонската берза на официјалниот пазар се акциите на НЛБ Банка, со кои во петтиот месец од годинава бил направен промет од 893 илјади евра. Тоса е учество од 21,59 отсто во вкупниот промет направен на официјалниот пазар на македонската берза.

Нашата најголема фармацевтска компанија, Алкалоид, покажува дека нејзината акција е една од најтргуваните и најатрактивните на Македонската берза.

Односно таа е трето АД и прва компанија, после две банки, чија акција е најтргувана на Берзата во мај оваа година. Со акциите на ова акционерско дртуштво бил направен промет од 805 илјади евра, што е учество од 19,47 отсто во вкупниот промет направен на официјалниот берзански пазар во мај оцваа година.

Следуваат акциите повторно на банка, и тоа Стопанска банка скопје, со чии акции е направен промет од 317 илјади евра.

Потоа доаѓаат „Макпетрол“, УНИ Банка, Тететкс Тетово, Макстил Скопје, Реплек и Гранит.

Кои се добитници во минатиот месец на берзанското тргување, односно имаат најголем раст во мај?

РЖ Техничка контрола е прва и има најголем пораст на цените на нејзините акции, со пораст од 28,2 отсто, достигнувајќи 450 денари за акција. Цената на акцијата на Тетекс Тетово се зголемила за 18 проценти, а во редот на акции со најголем пораст се и Македонски Телеком, Скопски пазар и Окта.

Инаку, берзанскиот билтен за мај говори дека во тпој месец прометот на Берзата значително опаднал, за 61 отсто, а намалување има и кај Македонскиот берзански индекс, додека се зголемил бројот на реализираните берзански трансакции.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари