25 Април, 2024
0.0722

ДУИ НЕ СЕ СМЕТА КАКО ПОБЕДНИК - за платите пресудиле анализите и тоа што функционерите сакале први да се солидаризираат

Објавено во: Македонија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Најголем интерес кај новинарите предизвика прашањето зошто се изземени вработените во јавниот сектор, а намалување ќе има само кај функционерите. Според првиот човек во Владата, функционерите требале да бидат први кои ќе се солидаризираат со состојбата. 

„Сите избрани и именувани функционери во државата, од претседателот, па до најниско ниво, како што се директори на централно и на локално ниво, ќе одат на минимална плата. Сметам и јас, а и Владата, дека ако треба да направиме солидаризирање, тогаш ние тоа треба први да го направиме. И јас, и министрите, и замениците, и пратениците, и државните секретари, и директорите, и градоначалниците, сите до еден треба први да ја покажеме солидарноста“, рече Спасовски.

На прашањето како еден од владините партнери ДУИ и со кои аргументи успеа да не се намали платата на сите вработени во администрацијата, односно како го доби овој владино политички дуел со СДСМ, со оглед што премиерот Заев најави дека сите вработени под државна капа треба да имаат намалена плата, Спасовски рече дека овде не биле соочувани аргументите на партиите, туку аргументите на бројките и анализите. Владата, нагласи тој, сметала дека треба прво функционерите да ја понесат таа одговорност и солидарност. Рече дека апсолутно не станува збор за добивање на битка, а ако некој смета дека во услови на криза може да добива политички битки, многу се лаже и многу греши. 

Министерот за економија, пак, кој е од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, рече дека ние сме во криза како држава, и тука нема ни победници ни добитници. 

„Ние имаме одлични односи во Владата. Ние како ДУИ сме го кажале нашиот став како и сите политички партии. Ние, пак, како економски тим на Владата предводена од претседателот Спасовски, ги зедовме предвид сите предлози, и на партиите, и на коморите, и на невладините, и на сите граѓани што дале идеи, за да креираме што подобри мерки за да не се изгубат работни места. Нема никаква битка, ни победници, ни губитници, јас сум убеден дека со овие мерки ќе победат сите граѓани“, рече Бектеши.

А кои се аргументите да не им се намали платата на административците, Спасовски уште еднаш повтори дека било земено предвид и мислењето на Економскиот совет, плус анализите на министрите, а тоа било дека прво функционерите треба да се солидаризираат. 

„И преку тоа сметаме дека ќе се помогне и на некој начин ќе и оставиме простор на администрацијата да ги задржи платите. Но, имаме временски период во кој ќе следиме и анализираме. Ние посакуваме здравствената криза да трае што е можно пократко, ако таа трае пократкио, тогаш ефектите на ударот врз економијата ќе бидат помали и затоа е важно секој еден граѓанин да ги почитува мерките и да не се однесува ноншалантно. Сите да помогнеме кризата да трае пократко и да биде помал ударот врз економијата. Владата ќе направи се да помогнеме на економијата“, рече Спасовски.

За овие мерки премиерот нагласи дека требаат 200 милиони евра. Се работи, рече, на кратење на сите несуштински трошоци и сите финансиски ресурси се насочуваат кон преживување и на граѓаните, консолидирање на здравствениот систем и за економијата. Одлуки за задолжување се донесени и тоа ќе се прави и во наредниот период. 

Инаку, за помошта за компаниите објасни дека мерката 50 отсто од придонесите можат да ја искористат туризам, угостителство, транспорт, кои имаат поддршка и за мартовската плата. За април и за мај, пак, фирмите можат да искористат алтернативно, или мерката 50 отсто од придонесите, или мерката за 14.500 денари минимална плата.

Оваа мерка ќе можат да ја искористат и медиумските работници. Во уредбата за нив ќе се дефинира точно кои медиуми, кои медиумски работници, како и на кој начин ќе ја искористат оваа мерка.

„Во овој сет на мерки нема никој што е изземен, а дополнителната уредба ќе се донесе за да се имплементира мерката. Секој од секторите има право да аплицира. Занаетчиите, трговците поединици, берберите, пекарите се најмногу погодени и овие мерки ќе бидат за сите. За да се зачуваат што е можно повеќе работници на работа. Тие што имаат многу нема да можат да ги исполнат критериумите и нема да бараат помош“, рече Спасовски.

За некои поплаки од луѓето во државен карантин, тој објасни дека не треба да шират дезинформации, бидејќи тоа што е основниот пакет во сместувањето, три оброка и вода, го имаат сите. 

„Тоа што хотелите нудат дополнително, бидејќи немаат забрана, ако некој сака плус, е нешто што се наплаќа, и тука настануваат забуни. Инаку, секаде има и лекарска грижа“, потенцира премиерот Спасовски. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови