06 Мај, 2024
0.0269

Државен удар врз работниците

Објавено во: Економија, Колумни 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Нормално било платата на македонскиот работник да стагнира при раст на БДП, и тоа само затоа што растела вработеноста. Ова е тврдењето на главните експоненти на економските политики, кои тврдат дека Македонија има меѓу највисоките растови на БДП во Европа, а притоа срамежливо информираат дека на ова подрачје се регистрирани и најниските плати во Европа. Дури и да се прифати економската логика за ваквите тврдења, таа не може да биде единственото објаснување за повеќегодишниот застој во растот на платите на македонскиот работник. Сигурно е дека заостанувањето не е само поради побрзиот пораст на „бројот на устите“ кои се вклучуваат во распределбата на БДП, во согласност со популистичката политика, што подразбира „безрезервна грижа“ за невработените. Станува збор за посериозни процеси во распределбата на БДП на земјата. Домашните и странските капиталисти, користејќи го слабо организираното синдикално работништво,  успеаја да извршат значајна прераспределба на БДП во нивна полза, а на штета на вработените. Тоа се гледа и во начинот на живеење и однесување и на бизнсмените и на поголемиот број работници. Од година во година, на капиталистите им останува се‘ поголем дел од вредностите што се создаваат во нивните фирми или во фирмите во кои тие се доминантни сопственици, а делот што се распределува на работниците се  намалува. А тоа значи дека поголемиот дел од порастот на БДП,   низ системот на распределба, се‘ повеќе, им припаѓа на капиталистите, а помалиот  дел на работниците. Ваквата состојба која им ја обезбеди власта, преку проектот „Отворете фабрика во Македонија, платите ни се најниски, а и синдикатите ни се никакви“ не им овозможува на работниците соодветно да ги уживаат резултатите од порастот на нивната продуктивност на трудот. По се‘ изгледа дека нагласениот популизам во вработувањето е само покритие за реалното осиромашување на работниците, што се остварува поради поповолната позиција на капиталистите во процесот на репродукцијата, особено на пазарот на трудот. Притоа, се‘ посилна е и поддршката на власта, преку даночната политика и регулирањето на минималната плата на ниво на кое реално е невозможно   да се задоволат минималните потреби на работниците. Со досегашната прераспределба на БДП во земјата може да се каже дека капиталот изврши значајна прераспределба на БДП во своја полза која ќе потрае, бидејќи зад тоа стои и државата која со привилегиите  на странските инвеститори и со политиката на вработување преку субвенционирање ги „бетонира“ односите меѓу трудот и капиталот, со промени во полза на  капиталот. Еве што се случи во изминатиот период. Во 2000 година од создадениот БДП на работниците им бил распределен дел од 43%, а делот за капиталистите изнесувал 23%. Притоа, за даноци и царини беа издвоени 16%, а за амортизација на средствата што ги поседуваат капиталистите (за да го обноват изабениот капитал) беа издвоени 18%. Во 2012 односите во распределбата се драстично влошени. Делот  од создадениот БДП што им припадна  на работниците се намали од 43% на 35%. Средствата за даноци и царини се намалија на 14%. Се зголеми само делот што им припаѓа на капиталистите: делот за амортизација се зголеми на 19%, а делот кој преку добивката го присвојуваат капиталистите се зголеми од 23% на 33%. Во периодот 2000-2012 година БДП пораснал за 88%. Притоа, најмал е порастот на делот што им припаѓа на вработените-53%, а највисок е порастот на делот на капиталистите-161%. Износот за амортизација е зголемен за 105%, а делот за даноците е поголем за 61%. Кога   односите во распределбата на БДП од 2000 година би се одржале и во 2012 година (до кога имаме податоци) делот на работниците би бил поголем за 609 милиони евра. За наши услови тоа е огромна сума за која се ускратени работниците (три пати поголема од странските вложувања). Ако се има предвид дека во 2012 година биле вработени 650.000 работници, тоа значи дека секој од нив, просечно годишно земал помалку плата за 1000 евра (поточно 937 евра) или месечно примале по 78 евра помалку. Тоа значи дека доколку не се пореметиле односите во распределбата  на БДП просечната плата во 2012 година (не сметајќи го и загубеното од претходните години) би била поголема за 78 евра по вработен и би изнесувала над  420 евра наспроти остварените 342 евра. Во овој процес на прераспределба на БДП се десеткува главнината на средната класа и уште повеќе се осиромашија сиромашните слоеви, додека богатите станаа уште побогати.  Паралено со тоа настрадаа и демократските процеси во земјата, бидејќи сиромаштијата и стравот за работните места не се погодна клима за синдикално и политичко ангажирање на вработените (иако тоа е неизбежно за да се променат неповолните состојби). Отсуството  на нивна борба за подобрување на сопствената општетсвено-економска положба само ќе ги влошува состојбите, бидејќи влошените односи во распределбата не може да се очекува да се променат по волја на сопствениците на капиталот. Тие се заинтересирани  за што поголем пораст на профитот, а не за подобрување на положбата на работниците. За тоа треба да се изборат самите преку синдикално и политичко ангажирање. Досегашната практика покажа дека популистичките мерки на властите само ги замаглуваат односите, божем се води грижа за работниците, а во суштина се одвиваат процеси за нивно подјармување, со оглед на постојаното осиромашување  и пораст на стравот за задржување на работните места.   Во овој контекст, очигледна е  потребата за промени на позицијата на работништвото во земјата за да се унапредат демократските процеси. Тоа е полето на кое ќе се бијат наредните политички битки. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години