Добивај вести на Viber
Владата преку пет аукции на државни записи и обврзници денеска собра двојно повеќе пари отколку што првично планираше.
Денешното ново задолжување на домашен терен тежи 64,1 милиони евра. Најмногу пари, односно 28 милиони евра беа обезбедени преку аукција на шестмесечни државни записи.
Речиси кај сите објавени аукции интересот за купување на хартии од вредност беше два до три пати поголем од понудата.
Според претходно објавените проспекти за денешните аукции, Владата планираше да собере 31 милион евра. Утре по основ на доспеани записи, државата во реалниот сектор терба да врати 28 милиони евра, по што буџетот на располагање за трошење ќе има нови 36 милиони евра.
Според последните податоци за декември, долгот на Владата по основ на обврзници изнесува нешто над 805 милиони евра.