14 Декември, 2025
0.1221

ДРЖАВНИ ПАТИШТА УБЕДЛИВО НА „ТРОНОТ“: државата гарантира, претпријатијата се задолжуваат

Објавено во: Финансии 19 Јуни, 2024 07:47

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта е на пиедесталот меѓу државните компании за чии позајмици државата гарантира. Имено, јавниот долг на ЈПДП од 763,7 милиони евра пораснал на 799,1 милиони евра. За долгот на јавното претпријатие гарантира државата, а нивниот долг е еден од најголемите од сите јавни прептријатија. Ова го покажува последниот извештај кој е доставен во Собранието на Македонија.

Во него може да се види, дека од позајмиците на државата, во врвот е и Развојната банка на Северна Македонија, чиј гарантиран долг достигнал до 239 милиони евра.

Бројките покажуваат дека во врвот, или меѓу трите компании кои прават најголем  долг е и ЕСМ, државна компанија задолжена за производство на струја. Нивниот долг од 43,8 милиони евра во 2022 година, пораснал на 78,4 милиони евра лани.

Еве ја листата на компании зад чиј долг застанала државата:

Притоа во извештајот кој е испратен во Собранието со потпис на Талат Џафери, се посочени последните движења на државниот и јавниот долг на Македонија.

Имено, на крајот на 2023 година државниот долг изнесува 7.256,2 милион евра односно 53,1 отсто во однос на БДП, што претставува зголемување од 2,6 п.п. во однос на претходната година.

Јавниот долг на крајот на 2023 година, изнесува 8.476,8 милиони евра, односно 62,1 проценти во однос на БДП, што претставува зголемување од 3 п.п. во однос на крајот на претходната година.

-  Надворешниот јавен долг изнесува 5.345,4 милиони евра, додека внатрешниот јавен долг изнесува 3.131,4 милиони евра.

Надворешниот државен долг, на крајот на 2023 година, изнесува 4.171,0 милиони евра и во однос на 2022 година се зголеми за 187,4 милиони евра, додека внатрешниот државен долг изнесува 3.085,1 милиони евра, што претставува зголемување за 487,7 милиони евра во однос на претходната година – се појаснува во извештајот.

Надлежните напоменале дека сите обврски по основ на државен долг што достасаа во 2023 година биле редовно и навремено сервисирани од страна на Министерството за финансии и останатите носители на јавниот долг. За отплата на обврските по основ на државниот долг за 2023 година, биле потрошени 913,38 милиони евра, од кои 714,92 милиони евра за отплата на главнината и 198,46 милион евра за отплата на камата.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари