28 Мај, 2023
0.0223

ДРЖАВНАТА БАНКА ШТО ИМ ДАВА БЕСКАМАТНИ И ЕВТИНИ КРЕДИТИ НА ФИРМИТЕ СО ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА - во првата половина од годинава 732 илјади евра

Објавено во: Финансии 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Државната развојна банка ја дуплирала добивката во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани. 

Банката ја известува јавноста дека како единствена развојна банка во целосна државна сопственост, и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана - поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата.

„Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената и енергетската криза, активностите на Банката оваа година се во знакот на поддршка на деловните субјекти во насока нанамалување на последиците  од економската и енергетската криза предизвикана од геополитичките случувања, со цел, полесен пристап до ликвидни средства.

Во периодот од 01.01-30.06.2022 година, Банката работеше согласно усвоениот финансиски план, развоен план и деловна политика за тековната година, и оствари позитивен нето-финансиски резултат од 45 милиони денари (732 илјади евра), што е речиси двојно повеќе во однос на остварениот резултат во истиот период од 2021 година. Вкупната актива на Банката е зголемена за 43 отсто и изнесува 16,4 милијарди денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 54 отсто, и на изложеноста по основ на факторинг услугата од 200 отсто“, се вели во соопштението од Банката. 

Во првата половина од годината, како што информираат од Развојната банка ги повлече последните три транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 40,8 милиони евра, со тоа што сите 100 милиони евра од оваа кредитна линија се веќе ставени во функција на поддршка на малите и средни компании. Паралелно, Банката воведе нови кредитни линии и ги олесни условите на кредитната линија за агросектор:

Во следниот период, РБСМ и понатаму целосно ќе им остане на располагање на компаниите во соочување со актуелните предизвици од економска и неекономска природа, со што целосно ќе остане фокусирана на остварување на нејзината улога како развојна банка.

Можеби ќе ве интересира

ВТОРА СРЕЌА ЗА ОБВРЗНИЦАТА НА ОПШТИНАТА НА ЈОРДАНОВ - КХВ повторно даде одобрение, сега Владата е на потег

ВТОРА СРЕЌА ЗА ОБВРЗНИЦАТА НА ОПШТИНАТА НА ЈОРДАНОВ - КХВ повторно даде одобрение, сега Владата е на потег

„ЗОШТО ТОА ГО ПРАВИТЕ СЕКОЈА СЕЗОНА“: За лежалка во Грција по 15 евра од човек!

„ЗОШТО ТОА ГО ПРАВИТЕ СЕКОЈА СЕЗОНА“: За лежалка во Грција по 15 евра од човек!

ПОЗНАТА ХРВАТСКА ДЕСТИНАЦИЈА ВОВЕДУВА НАПЛАТА ЗА ТУШИРАЊЕ НА ПЛАЖА: Еве колку ќе чини надоместот

ПОЗНАТА ХРВАТСКА ДЕСТИНАЦИЈА ВОВЕДУВА НАПЛАТА ЗА ТУШИРАЊЕ НА ПЛАЖА: Еве колку ќе чини надоместот

„ДАДЕВ ТИ ЛАНЧЕ ОД 20 ДЕНАРИ ОД СМОКИ, НАПЛАТИВ ТИ 500: Интернет измами ја тресат цела Македонија“

„ДАДЕВ ТИ ЛАНЧЕ ОД 20 ДЕНАРИ ОД СМОКИ, НАПЛАТИВ ТИ 500: Интернет измами ја тресат цела Македонија“

СРЕДНАТА КЛАСА СЕ РАСПАЃА: Еве кои занимања тонат со просечен приход

СРЕДНАТА КЛАСА СЕ РАСПАЃА: Еве кои занимања тонат со просечен приход

СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ЛИ КАКО СЕ ГУБАТ 11 МИЛИЈАРИ ЕВРА ПРЕКУ НОЌ: Арно го доживеа токму тоа

СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ЛИ КАКО СЕ ГУБАТ 11 МИЛИЈАРИ ЕВРА ПРЕКУ НОЌ: Арно го доживеа токму тоа

ИЗГЛЕДА НА СИТЕ ИМ Е ЈАСНО ДЕКА ШТЕДЕЊЕТО ВО БАНКА НЕ Е ПРЕМНОГУ ИСПЛАТЛИВО - што тогаш да се напрви со парите

ИЗГЛЕДА НА СИТЕ ИМ Е ЈАСНО ДЕКА ШТЕДЕЊЕТО ВО БАНКА НЕ Е ПРЕМНОГУ ИСПЛАТЛИВО - што тогаш да се напрви со парите

„АТЛАНТИК ГРУПА“ ГО КУПУВА „ШТРАУС АДРИАТИК“ - зделката тежи 40,5 милиони евра

„АТЛАНТИК ГРУПА“ ГО КУПУВА „ШТРАУС АДРИАТИК“ - зделката тежи 40,5 милиони евра

КРИПТО АФЕРАТА И ПОНАТАМУ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Се огласи Агенцијата за надзор на финансиските услуги

КРИПТО АФЕРАТА И ПОНАТАМУ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА: Се огласи Агенцијата за надзор на финансиските услуги