14 Декември, 2025
0.0406

Државна лотарија отвори фирми и со српски „Моцарт“ и црногорскиот „Везув“

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Државна лотарија на Македонија формираше уште две заеднички компании за игри на среќа на пазарот на обложување. Првата е со српски „Моцарт“, најголемата компанија за игри на среќа во регионот, а втората со „Везув“ која со бремдот „Волкано Бет“ е најголемото друштво во оваа дејност во Црна Гора.

Пред неколку дена формирана е „Државна лотарија - Моззарт Доо Скопје“ во која основачи се АД Државна лотарија на РСМ и Моцарт Белград, а истовремено формирана е и „Државна лотарија - Везув Доо Скопје“, каде што сопственици се акционерското друштво во државна сопственост и Везув МК. Двете компании имаат основна главнина од 3 милиони евра.

Државна лотарија и 77 Битс БСЦ, чиј дел неодамна е превземен од најголемата бугарската компанија за онлајн обложување „Телематик“, овој месец претходно ја регистрираа првата јавно-приватна компанија за приредување на интернет игри на среќа. Компанијата за онлајн обложување ќе го носи името „Државна лотарија - 77 Битс Битола“, а регистрирана е на 9 јануари. Вкупната основна главнина и овдека е нешто повеќе од 3 милиони евра.

Со овие три компании најверојатно се заокружува фамозниот повик на АД Државна лотарија за формирање партнерства за организирање на пазарот за онлајн обложување во Македонија.

Единствено претходно што беше познато во јавноста како информација за оваа активност на државата, доаѓаше од Асоцијацијата на обложувалници, од каде сметаа дека ова право на приредување на онлајн обложување треба да им се даде и на нив „а не да се монополизира исклучиво за три странски компании“. Од она што беше познато, повикот на АД „Државна лотарија“ требало да заврши на 22 септември, а до крајот на октомври да биде отворањето на понудите, по што требаше да се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат и сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.

Душан Симовиќ од Србија е именуван за управител на „Државна лотарија - Моззарт Доо Скопје“ . Во Надзорниот одбор од страната на српскиот партнер се уште Владимир Станоевиќ и Слободан Веселиновиќ. Актуелниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, е исто така член заедно со Суљејмани Рилинд и Владо Петковски.

Тихомир Фиданоски е назначен за раководител на „Државна лотарија - Везув Доо Скопје“, а во Надзорниот одбор членуваат Ваљмир Зекири, Надица Антоновска и Дашмир Хоџа од Македонија, како и Олег Секуловиќ и Жељко Митровиќ од Црна Гора.

Кај „Државна лотарија - 77 Битс Битола“ од претходно е познато дека за управител е назначена Марина Милошевска, а членови на Надзорниот одбор се Пеце Коруновски, претседателот Пеце Трајковски, директорот Бајрами, а понатаму уште и Мајљинда Рамадани и Нафитула Елмазовски.

АД Државна лотарија пред девет месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ Доо Скопје. Државна лотарија веќе одамна има заедничка компанија со Касинос Аустрија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?