17 Декември, 2025
0.0473

Државата токми договор за топланите на „Адора“ и Ванчо Чифлиганец

Објавено во: Економија 26 Јули, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Фирмата која ќе ја формира АД ЕСМ за производство на топлинска енергија за парно-греење на Град Скопје, на местото на БЕГ кому му беа одземени трите лиценци, ќе склучи договор со „Адора Енерџи“, компанијата на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, за користење на двете топлани, дознава „Фактор“.

„Адора Инженеринг“ пред една година соопшти дека на јавна лицитација за 9,3 милиони евра ги купи скопските топлани Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај.

Се очекува следната недела да бидат регистрирани три субјекти од АД ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, кои треба да ја превземат дејноста на БЕГ, компанијата која во меѓувреме во јуни остана без трите лиценци за работа. 

Останува да се види во која форма ќе биде постигнат договорот, а најверојатно ќе станува збор за закуп, додека сумата која ќе му се плаќа на „Адора Енерџи“ треба да биде дополнително одредена. Топланите работат на гас, но и на алтернативно гориво. Владата исто така ќе донесе одлука топловодната мрежа од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор да му се предаде на едно од новоформираните претпријатија. „Фактор“ дознава и дека ќе бидат превземени речиси сите вработени од БЕГ кои на број се околу 300. Сите процедури треба да бидат завршени до 1 септември. Режимот на работа ќе остане ист како и досега, а ќе продолжи и соработката со хибридната централа ТЕ-ТО.

Кон средината на јануари годинава, кога многу граѓани се жалеа на студените радијатори, Адора излезе со соопштение со кое порача дека не е надлежна за дистрибуцијата на топлинска енергија во Скопје и ја префрли топката кај БЕГ со оправдување дека нема склучено никаков договор. Десетина дена подоцна, на 21 јануари, државата го презеде управувањето со БЕГ и Топланата Скопје Север преку АД ЕСМ, откако од БЕГ се пожалија дека немаат средства за набавка на гас за производство на топлина.

„До денешен ден, овие основни средства не се предадени на „Адора инженеринг“ и со нив управува БЕГ. До овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик. Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за закуп на истите“, стоеше во соопштението до медиумите од „Адора“.

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценти на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми за производство, дистрибуција и снабдување. Како што велат од Владата, огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро.

РКЕ во јуни како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценците на БЕГ ги наведе: кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно