27 Април, 2024
0.0283

ДДВ со пад од над 30 отсто до мај

Објавено во: Економија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Приходите во буџетот заклучно мај се согласно поволното сценарио на Министерството за финансии, што значи дека патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околу 300 милиони денари на приходите од акциза, рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска во изјава за медиумите за извршување на буџетот од почетокот на годината заклучно мај, како и за неговото финансирање.

Од почетокот на годината заклучно мај, наплатата на приходите во буџетот е за 8,9% пониска на годишна основа. Наплатата на даночните приходи е за 12,9% пониска во однос на 2019 истиот период. Наплатата на придонесите има раст од 7,1% во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени, посочи Ангеловска.

Расходната страна е повисока за 7.9% од почетокот на годината заклучно мај, при што кај реализацијата на капитални расходи за првите 5 месеци бележи мал раст од 1.6% во однос на лани.

Во однос на Ребалансот, вкупните приходи се реализирани во износ од 37.3%, додека вкупните расходи 38% од планираното. Дефицитот заклучно со мај изнесува 18,9 милијарди денари или 2,8% од БДП.

-Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови – рече Ангеловска.

Остварувањето на буџетските приходи самово мај изнесува 12,7 милијарди денари што претставува годишен пад од 24% споредено со мај 2019 година. Даночните приходи во мај се остварија во износ од 6,5 милијарди денари или споредено со мај 2019 регистрираа пад од 28%, додека придонесите се реализирани во износ од 5 милијарди денари што е речиси на исто ниво со лани.

Во основното сценарио на Министерството за финансии, таканареченото поволно сценарио, проектираниот пад на даночните приходи за мај бил 31%. Ова значи дека патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околку 300 милиони денари на приходите од акциза, истакна Ангеловска.

-Како резултат на појавата и ширењето на коронавирусот, нужно зло беше да се преземат рестриктивни мерки кои имаат за цел заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и нанесување неспоредливо поголема штета, хумана и материјална односно економска. Беше очекувано дека тоа ќе предизвика запирање на дел од економските активности и дека ќе го отежни функционирањето на некои синџири на набавка. Следствено на ова, падот на приходната страна беше очекуван.- вели Ангеловска.

Што се однесува до расходната страна во месец мајвкупните расходи се реализирани повисоки за 1.9 милијарда денари или 11% повеќе споредено со мај минатата година.Ова зголемување се должи пред се на поголемата исплата на субвенции и трансфери, односно исплата на мерката за справување со COVID-19 која се однесува на субвенционирање на плати во приватен сектор. Истата беше реализирана во месец мај во износ од 1.8 милијарди денари (или околу 30 милиони евра).

Финансирањето на дефицитот, како и на старите долгови кои доспеваат за враќање во износ од 685 милиони евра, ќе се покриваат со издадената еврообврзница во износ од еврообврзница од 700 милиони евра, заем од ММФ заем во износ од 176 милиони евра, заем од ЕУ од 160 милиони евра,заеми од Светска банка во износ од 140 милиони евра (од кои 57 милиони евра се предвидени да се влечат во 2020 година), како и повлекувања од други кредити за реализација на капитални проекти. Исто така предвидено е нето повлекување преку државни хартии од вредност од 250 милиони евра.

-Ова  е најоптималното портфолио, најдобра комбинација согласно трошок и рочност, односно услови за понатамошно сервисирање на долгот.Еврообврзницата ја издадовме во вистинско време, што се огледа од побарувачката за истата која беше пет пати поголема од понудата, што е највисока во регионот од Југоисточна Европа од почетокот на кризата. Исто така, цената за еврообврзницата која ја постигнавме е 3,675% што е втора најниска камата од сите 7 еврообврзници кои се издадени од земјава. Треба да се има на ум и дека оваа евробврзница е издадена во време на криза, што значи дека доколку беше издадена во нормални услови каматата ќе беше значително помала помала- рече Ангеловска.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра