Државата продолжува да купува нафтени резерви, се зголемуваат и трошоците за нивно чување
Објавено во: Економија 26 Април, 2021 07:30
До крајот на 2022 државата ќе треба да ги зголеми резервните капацитети за уште 20 килотони моторен бензин, 60 килотони дизел и помеѓу осум и девет килотони мазут. согласно директивите на Европската унија за нафтени резерви.
Ова го покажува направената проекција на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви во својата годишна програма согласно потрошувачката и увозот на гориво во земјата. На 31 декември 2022 државата како сопствени резерви треба да има ниво од 251.200 тони. Резервите треба да бидат на ниво од 90 дена од дневните нето-увози во земјата, односно количината да биде за 60 дена од просечната дневна потрошувачка во земјата.
На крајот од 2020 државата имала 30,5 килотони моторен бензин, а до крајот на 2022 треба да изнесува 50,2 килотони, дизелот бил 98,2 а треба да биде 158,3 килотони, додека мазутот да се зголеми од 24,1 на 32,7 килотони.
Со порастот на нафтените резерви, се зголемуваат и трошоците на државата за нивното чување од страна на приватните складиштари. Во финансискиот план на агенцијата за 2021 предвидени се 400 милиони денари за четирите приватни оператори кои ја имаат потребната лиценца за тоа. За минатата година предвидениот трошок беше 310 милиони денари кои требаше да ги поделат трговските друштва.
Со владина уредба од 2019, на приватните складиштари им се плаќа по 2,5 евра за секој искористен метар кубен. Агенцијата за задолжителни нафтени резерви самата апелира до државата поревносно да ги подмирува обврските кон складиштарите.
„Имајќи ги предвид тековните финансиски обврски на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, а особено високите износи за трошоците за складирање на задолжителни резерви, евидентно е дека доколку обврските останат неизмирени за период од три месеци ќе предизвикаат штетни последици по буџетот на институцијата во смисла на непотребна исплата на камати“, се вели во годишната програма на агенцијата.
Нафтените резерви се чуваат дисперзирано кај изнајмени складишни капацитети кај приватни трговски друштва. Готовите нафтени производи се состојат од еуросупер, еуродизел, домаќинска нафта и мазут. Купувањето на нафтените производи главно се финансира од надоместокот за нафтени резерви кој се наплаќа од трговците..
Годишната програма на агенцијата е важечка во моментов, но согласно новиот закон, истата треба да биде усогласена со Акцискиот план кој сеуште не е донесен и истиот е во владина процедура. Со донесување на Акцискиот план , УО ќе изврши усогласување на сегашната Годишна програма со Акцискиот план и одлуката за пропишување на количината и структурата за задолжителните резерви за тековната година од страна на Владата ,и евентуални нејзини измени доколку е потребно.
А.К.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





