09 Мај, 2024
0.0244

Државата не успеа да пушти гас низ примарниот гасовод три години

Објавено во: Економија 07 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Гасоводните цевки поставени, а со години не протече гас низ нив. Директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи, сега за МИА вели дека очекува до крајот на годинава гасоводите да бидат функционални и да почнат да течат првите количини гас. Но ваква најава има уште пред години - барем за делот од гасоводот од Клечовце до Штип. Имено тој делод магистралниот гасовод беше готов меѓу првите во ова фаза односно уште од 2016 година. И покрај најавите дека таму гас за фабриките во штипската зона ќе има наскоро, сега во 2020 година гас се уште не тече по тој гасовод. 

На почетокот на 2018 година, Фактор пишиуваше дека властите најавуваат тоа да се случи пролетта таа година и дека според најавите на НЕР тенедерот за избор на фирма која ќе ги заполни цевките со гас е готов, но чека на објава кога и официјално ќе биде извршена промената во Централниот регистар во директорската фотелја на оваа државна компанија. Единствен проблем кој евентуално можел да се јави, тврдеа за Фактор тогаш упатени извори е што заполнувањето не може да го направи ниту една македонска компанија. 

Но ниту таа пролет ниту следната, па и оваа најверојатно нема да се случи гасоводот да стане функционален. 

Реџепи сега вели дека изградбата на примарниот гасовод во земјава е при крај и останува да се доизградат уште триесетина километри од магистралните гасоводи Неготино – Битола и Скопје – Гостивар со крак за Тетово. Националниот гасоводен систем е долг 204 километри. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА