09 Мај, 2024
0.0304

Државата ќе купува само дизел за нафтени резерви

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Владата преку акцискиот план што го објави за наредните три години, изнесе податок дека државата во своите задолжителни нафтени резерви има најголем недостаток на дизел. Поради тоа, во наредниот период Агенцијата за задолжителни нафтени резерви ќе го купува исклучиво само ова гориво.

Од моторен бензин, државата има 32.132.281 литри како резерва. Дизелот, кој на дневна основа се троши многу повеќе, го има до 115.889.077 литри до крајот на 2022. Количината на нафтата за загревања изнесувала 10.772.019 литри, додека на мазутот 21.576.589 килограми. 

Согласно пресметките на Владата, државата има бензин за 100 дена, дизел за 55, нафта за загревање има за 78, а мазут има за 89 дена. За течен нафтен гас не се обезбедени резерви, односно складишта. Резервите на дизел не се ни блиску од потребите за пропишаните 90 дена.

Според тоа, во наредните три години ќе се купува 28 илјади тони дизел, ддоека нема да се купува бензин и мазут, а нешто помалку ќе се купува нафта за загревање. Ако цената теоретски е едно евро по литар, пресметката е дека ќе се потрошат 36 милиони евра во наредните три години за купување на задоволително ниво на дополнителни резерви на дизел. 

„Задолжителните резерви на Република Северна Македонија ќе се формираат постепено во согласност со овој акциски план, со цел да се обезбеди вкупните задолжителни резерви кои се чуваат во земјата во секое време да одговараат најмалку на 90 дена од дневните просечни нето увози или на 61 ден од просечната дневна домашна потрошувачка, во претходната календарска година, во зависност од тоа која од двете наведени количини е поголема“, пишува во планот.

Таму стои дека државните складишта за резерви не се во функција и затоа на приватните трговци треба да им плаќа по 6 милиони евра годишно за нивно чување.

„Потенцијален слободен складишен простор кој е во сопственост на државата има на неколку локации во земјата, меѓутоа истите не се во употреба подолг временски период. Складовите се опремени со неопходна опрема за функционирање, но бидејќи не се во функција преземени се мерки за нивна конзервација и заштита“, нагласува Владата во планот.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?