18 Декември, 2025
0.0496

Државата ќе дава и до 21.776 денари по вработен во фирмите: Помош за октомври, ноември и декември

Објавено во: Економија 27 Септември, 2020 14:12

Добивај вести на Viber

Државата ќе ги субвенционира платите за октомври, ноември и декември на фирмите кои се погодени од кризата. Ова е дел од четвртиот пакет мерки. 

Премиерот Зоран Заев рече дека овој пат висината на поддршката ќе зависи од тоа колкаво е влијанието на кризата врз приходите на фирмата. Поддршката ќе биде скалеста - колку е поголем падот на приходите толку поголема ќе биде поддршката и ќе се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен.

„Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал, рече премиерот.

Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

Соопштувајќи ги последните мерки Заев рече дека никој нема да биде изоставен, поддршка на работни места, пензионери, невработени. Четвртиот пакет е директна помош за граѓаните и за економијата и за поттик на приватната потрошувачка.

Заев рече и дека нови 100 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка ќе бидат поделени преку развојна банка. За нив рече дека ќе бидат со ниски камати. Овие поволни кредити ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

Како трета мерка е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршка за туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.

Пакетот тежи вкупно 470 милиони евра. Граѓаните ќе добиваат картички. Детали за тоа кој ќе добие картички овде  


Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји