Држава од регионот ќе стави вето за прием на Финска во НАТО
Објавено во: Свет 03 Мај, 2022 17:03
Хрватска ќе стави вето за прием на Финска во НАТО.
Ова го најави претседателот Зоран Милановиќ. Тој бара да биде решено прашањето за изборниот законик во Босна и Херцеговина со кој Бошњаците нема да ги мајоризираат Хрватите.
„Тоа е ненадејно прашање, ни дојде како пролетен дождец. Никој тоа не го очекуваше“, рекол Милановиќ.
Самитот на Северноатлантскиот воен сојуз ќе се одржи кон крајот на мај во шпанската престолнина Мадрид.
Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев на својот Telegram канал објави дека на хрватскиот претседател му се заканува одмазда од Киев поради досегашните изјави за Русија и Укрина. Милановиќ вели дека не е на страната на Русија, првпат нарекувајќи ја руската страна агресор во украинската војна.
Шведска и Финска се двете земји кои сакаат да станат дел од НАТО. Ваква одлука донесоа откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




