17 Мај, 2024
0.0302

ДРЖАТ ЛИ АРГУМЕНТИТЕ: Финансии во детали за зголемената акциза

Објавено во: Економија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Големата дупка во буџетот на приходите од нафтените деривати е една од клучните причини поради кои државата одлучи да ја зголеми акцизата на горивата. Во анализа која ја подготви Министерството за финансии, детално се образложуваат аргументите на Владата за зголемувањето на оваа давачка за три денари што се случи минатата недела. Иако министерката Нина Ангеловска не излезе да ја брани одлуката на прес конференцијата, во анализата стојат податоци кои се во насока на тоа дека зголемувањето било оправдано.

Министерството тврди дека има пад на прибраните приходи поради намалените малопродажни цени на горивата и дополнително заради намалените колични кои се продаваат. а поради кризата и замреното стопанство. Приливот по основ на ДДВ паднал за дури 30 отсто. Само во месец март 2020 година падот на ДДВ во просек изнесува околу 19 милиони денари, додека кај дизелот изнесува околу 115 милиони денари или вкупно има помал ДДВ за околу 134 милиони денари (2,2 милиони евра).Цената на бензините се намали за 20 денари годинава.


„Дополнително во периодот на март 2020 забележан е пад и на количините на нафтените деривати пуштени во слободен промет за 14 проценти кај бензините и за 11 отсто пад кај дизел горивото, споредено со количините од истиот месец минатата година. Сето тоа придонесе за вкупен пад на приходите само од акцизите за нафтените деривати од вкупно 113 милиони денари (1,8 милиони евра). Споредено со месец март минатата година вкупниот пад на приходи од акцизи и ДДВ, имајќи ги предвид намалените количини и намалените износи на малопродажните цени на горивата, е пресметан на околу 247 милиони денари (4,1 милион евра) со тенденција на продолжен пад и во наредниот период, стои во анализата.

Другите аргументи се дека цената на горивото во нашата земја е најниска од сите земји во опкружувањето и Европа освен во Турција. Таму во моментот литар чини 0,07 евра.

„На пример за споредба цената во Србија е повисока за 25 денари за литар, во Косово е повисока за 26 денари, во Албанија за 34 денари, во Грција за 38 денари, а во Бугарија за 10 денари за литар. Во нашата земја имаме и најниски износи на акцизата за дизел горивото во регионот и во ЕУ, пишува во анализата.


Според споредбите, акцизата во Србија е повисока за 14,5 денари за литар, во Косово е повисока за 7 денари, во Албанија за 2,7 денари за литар во Грција за 10,1 денари, а во Бугарија за 5,2 денари. Минималната акциза пропишана во земјите членки на ЕУ утврдена на износ од 330 евра за 1.000 литри дизел гориво. Во Македонија овој износ е 245,7 евра за 1.000 литри, што е меѓу најниските во Европа. Понизок е во Албанија каде е 290 евра за 1.000 литри и во БиХ каде е 280,6 евра за 1.000 литри.


Од Министерството за финансии додаваат и дека во земјава има најниска стапка на ДДВ за нафтените деривати.

„Имајќи ги предвид претходно направените анализи на состојбите со цените на горивата во регионот, висината на акцизите и ДДВ во повеќето земји во регионот, видно е дека по сите основи нашата земја има најниски малопродажни цени, најниски износи на акцизи и најнизок износ на ДДВ. Сите овие компоненти јасно ставаат до знаење дека состојбата во делот на падот на приходите од горивата во нашата земја во моментот се најизразени во однос на земјите од регионот. Тоа дава основа да се планира зголемување на износот на акцизата а со цел да се ублажи падот на приходите од ДДВ кои е најизразен во овој момент, а со цел делумно стабилизирање на буџетските приходи од горивата, образложуваат од финансии.

Додаваат и дека износите се позиционирани да не ја загрозат благосостојбата на населението и на стопанските субјекти по ниеден основ. 

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија