06 Мај, 2024
0.0509

ДРВО НА ИДНИНАТА: Македонски домаќинства се греат на пауловнија, еве што советуваат

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во земјава има семејства кои во зима се греат на пауловнија и велат дека се задоволни.

Тие планираат да засадат повеќе садници затоа што енергетската криза ни покажа дека треба да размислуваме за она што е поисплатливо. Оние кои веќе користат пауловнија за огрев, велат дека и нивни роднини, соседи се заинтересирале да засадат oд овој вид дрво за истата цела.

„Јас  трета година се греам на пауловнија и сум задоволен. Пауловнијата загрева добро, и согорува побрзо од дабот. Една садница чини 150 денари, а после 3 години луѓето можат да ја сечат и користат за огрев. Дваесет дрва се доволни за да може едно семејство со четири члена да ја помине зимата. Во мојата околина има површини кои се засадени со пауловнија. Колку брзо ќе напредува дрвото зависи и од видот на почвата“, вели Радислав Коцев, кој продава садници.

Ова дрво расте брзо, се користи во индустријата, но станува популарно и за огрев. Славица Паланкова од струмичкото село Муртино раскажува дека од година во година интересот за ова дрво се менува, но лани имало голема побарувачка и не можела да обезбеди расад за сите заинтересирани. Вели дека цената ја договараат со купувачите, зависно од тоа дали земаат мал број на садници или планираат да засадат цели ниви. Попусти има за оние кои купуваат повеќе садници. Паланкова смета дека е добро да се инвестира во пауловнијата со цел во иднина да се користи за огрев.

„Јас имам расад од пауловнија, го продавам. Купуваат од цела Македонија, од Велес, Битола, Скопје, од секаде. Некои земаат по 300, некои по 2.000 садници, а има и случаеви кога сакаат во двор или на викендица да засадат и тие луѓе земаат по 5 или 10 садници. Се грееме на пауловнија, и дрвото добро загрева. После три години го сечеме и може да се користи за огрев. Слушнав дека пауловнијата согорува како јагленот“, објаснува Паланкова.

Дрвото многумина го сечат после три години, но ако се остави да поминат осум години, тоа ќе формира поголема дрвна маса. Дејан Трајковски, одгледувач на пауловнија вели дека Струмица, Валандово, Гевгелија се места каде овој вид на дрво може брзо да напредува, затоа што климата таму е погодна.

„Нормално дека треба да се размислува за засадување на ова дрво. Пауловнијата бара вода, многу сонце, и песоклива почва. Ако едно домаќинство засади 7 реда со по 15 дрвца, по 8 години тие нема да имаат потреба од дрва за огрев, затоа што на осмата година ќе го исечат првиот ред, идната година вториот ред, а додека да ги завршат сите редови, првите ќе се регенерираат“, рече Трајковски.

Инаку, во земјава поскапе струјата, парното, но и дрвата за огрев, така што за кубик дрва граѓаните плаќаат и по 5.000 денари. Што се однесува до пауловнијата, таа е дрво со потекло од Кина кое се користи повеќе од 3.000 години. Го нарекуваат царско или дрво на иднината. Пауловнијата станува популарна и во регионот. По сечењето, ново стебло расте од истиот корен. И така седум пати, што во голема мера го прави многу исплатливо.  Инаку, медиумите од Србија објавија приказна за човек кој засадил пауловнија и вели дека обезбедил огрев за своето семејство за неколку децении.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/ Matthieu Sontag

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува