19 Декември, 2025
0.0764

Другар од детството на Заев имал 14 бифеа низ министерствата

Објавено во: Економија 26 Декември, 2018 10:57

Добивај вести на Viber

Другар од деството на премиерот Зоран Заев, струмичанецот Стојан Иванов, менаџирал со 14 бифеа распоредени нив владините министерства и државни институции.

„Како мали игравме фудбал! Учевме во истиот клас во средно и до ден-денес сме пријатели. За мене пријателството е света работа. Си одиме по родендени, слави, си бевме на свадбите и заедно сме биле и на одмори, сето тоа и пред да стане градоначалник. Меѓутоа, ниту Заев ми помогнал, ниту имав потреба да помага. Тој не знаеше кога и каде сум конкурирал“, вели Иванов за „Призма“.

Од летоска тој ја има лиценцата за оперирање со возачките испити во регионот на Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш, а до 2012 поседувал Агенција за обезбедување и истата потоа ја продал. 

Од Владата за „Призма“ навеле дека Стојанов не е фаворизиран во овој случлај, иако тој за кусо време започнува два бизниси поврзани со државата.

Во февруари Стојанов победил во 14 од можни 16 конкурси за водење на владини кафулиња.

„Не сум нечија сенка, јас сум директор и основач на фирмите. Не сакам да се кријам само зошто премиерот ми е другар.“, вели во случајов Стојанов.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии