Дрин Ахмети стана директор на Соравиа
Објавено во: Економија 29 Септември, 2023 08:30
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс.
Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.
Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“. Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна.
Партнерите тогаш истакнаа дека трговскиот „Соравија“ има над 20 милиони евра долг. За негово покривање, ниту денар нема да дадат новите компании - сопственици, туку за таа намена е земена кредитна линија во висина од 6 милиони евра од албанската Крединс Банк. Во зависност од развојот на бизнисот, се планира да се намалува и долгот. Доколку за три години деловниот центар „Соравија“ биде непрофитабилен, сопствениците планираат да го продадат. Освен за долгот, тројцата сопственици на “Соравија“ практично не открија никакви детали за купопродажбата.
И инвестициската компанија со седиште во Австрија „Хано Соравиа џи-ем-би-ејч“ преку писмено соопштение објави дека продава 90 отсто од акциите во двете нејзини клучни фирми во Македонија – „Соравиа инвест“ и „Соравиа менаџмент“, кои стојат зад бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје.
Фирмите кои Дрин Ахмети ги поседува - Еверест ЏД и Потам Плант, од пред две недели наместо „Кичево“ го имаат називот „Скопје“ во своето име и се префрлени на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“ каде што е бизнис центарот Соравиа. Од она што претходно е опишано во медиумите, станува збор за фирми кои работат со концесии.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




