27 Април, 2024
0.0306

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

Објавено во: Економија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата на Ковид-19 ја намали економската активност, ги погоди фирмите ама и граѓаните. Страдаа многу семејства кои останаа без приходи, се изгубија работни места. Во вакви услови се намалуваше потрошувачката на граѓаните, а Владата со мерки и преку картички се обиде да ја стимулира. Сепак официјалните податоци покажуваат дека во земјава се намалувал расположливиот доход на домаќинствата и пред кризата. Поразителни се бројките на Народната банка за овој показател. Во 2019 година расположливиот доход на домаќинставата бил 6,5 проценти што е многу помалку од 2018 година кога изнесувал 10,2 проценти. Ова е сепак во услови кога коронавирусот не беше појавен и немаше никакви влијанија во македонската економија. Ова би значело дека годинава ќе биде уште полоша.

Во земјава нема институција која го мери и објавува расположливиот доход на домаќинставатa, а Народната банка го проценува еднаш годишно и е впрочем разлика од проценетите приливи на семејствата и нивните одливи. Во доходите спаѓаат сите приходи - плати, пензии, дивиденди.. И Народната банка смета дека тешко е да се одреди влијанието на актуелната криза врз расположливиот доход.

„Динамиката на расположливиот доход на домаќинствата и придонесот на одделните компоненти што го формираат, треба да се толкува со внимание, како само еден аспект на финансиската состојба на секторот „домаќинства“, а особено да се има предвид дека не постојат прецизни податоци и можност за оцена на неговата распределба. Оттука, релативно тешко е да се одреди како би се распределил потенцијалниот шок врз пазарот на труд и следствено, врз расположлив доход како последица од тековната пандемија на КОВИД-19, по одделните општествени групи, сметаат од Народната банка.

Оттаму велат дека најголем придонес во растот на приливите имаат надоместоците исплатени на вработените лица. Пад имаат приливите од приватни трансфери, приходите од дивиденди и од каматите на депозитите во домашните банки. На страната на трошењето, односно одливите граѓаните повеќе трошеле за придонесите кон државата. 

„Практично, давачките кон државата зафаќаат најголем дел  - 87,4 проценти од вкупните одливи што го формираат расположливиот доход на секторот „домаќинства“. Во 2019 година, продолжија поволните движења на пазарот на труд, во дел и поради продолжувањето со спроведувањето на активните мерки за поттикнување на вработеноста, велат од Народната банка. 

Инаку нешто над една половина од потрошувачката отпаѓа на потрошните производи, што јасно го покажува скромниот просечен животен стандард на домашното население. Притоа, анализирано според намената, околу 43 отсто од потрошувачката на домаќинствата отпаѓа на добра кои се есенцијални за живеење на населението - храната и безалкохолните производи зафаќаат 31,9 отсто од структурата на потрошувачката на домаќинствата, облеката и обувките 4,5 проценти, електричната енергија 5,6 отсто а потрошувачката на вода, ѓубретарина и други комунални услуги 0,8 проценти. 

„Следствено на ова, потрошувачката на трајните производи и полутрајните производи, а која е непосреден показател за нивото на животен стандард, е релативно скромна, односно учествува со околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на домаќинствата, смета НБМ.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра