Драма за време на полициски час: Кавадарчанец бегал од полицајци, ја скршил ногата па завршил на Трауматологија
Објавено во: Македонија 09 Април, 2020
Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полицијата за време на полициски час, а потоа завршил на Клиниката за трауматологија во Скопје, потврди дежурниот доктор Благој Митев за МИА:
На 30-годишникот, додека се движел со автомобил, му бил даден полициски знак да застане, тој продолжил да вози кон селото Марена, каде што излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да се скрие кај другар, но при скокот се здобил со две скршеници на потколеницата.
– Констатирав фрактура на потколеница која не е стабилна и во договор со дежурниот доктор на Клиника за трауматологија, пациентот беше испратен во Скопје на понатамошно лекување, појаснува дежурниот лекар.
Со повреденото момче било уште едно лице кое со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира, затоа што имало покачена температура.