07 Мај, 2024
0.0227

Драма во Волфсбург: Заминувањето на претседателот на VW падна во рацете на синдикатот

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Зад Фолксваген (VW ) е драматичeн викенд кој го одбележа оставката на претседателот на компанијата Фердинанд Пиех со што заврши една ера.

Иако уште кон крајот на неделата во германските медиуми помирувачки тврдеше дека со главниот извршен директор Мартин Винтеркорн постигнаа договор за понатамошна соработка, во текот на викендот до Надзорниот одбор (НО) дошле информации како Пиех со шефот на Порше Матијас Милер договорил тој да го  преземе кормилото на Фолксваген .

Членовите на Комисијата од редот на синдикатите и на покраината Долна Саксонија, каде што е седиштето на VW одлучиле дека имало доволно интриги на Пиех . Со претседателот се сретнале на аеродромот во Брауншвајг и му дале ултиматум - или ќе поднесе оставка или да биде сменет на седницата на НО. Внукот на основачот на компанијата и основоположник на легендарната Буба се одлучил за првата опција.

200 Милијарди долари годишно во приходи на Фолксваген

На местото претседател привремено го заменил Бертхолд Хубер, поранешен челник на моќниот синдикат на IG Metall. Иако судирот помеѓу Пиех и Винтеркорн наизглед завршил со пораз на Пиех, тамошните набљудувачи тврдат како всушнот и двајцата изгубиле , а синдикатите ја зајакнале својата позиција внатре во најголемиот производител на автомобили.

„Ништо во VW не може да се направи без синдикат - тоа е едноставна, но тажна вистина.

Винтеркорн победи во оваа битка, но многу веројатно по цената да стане уште по ранлив на влијанието на синдикатот“, тврди Јурген Пиепер, аналитичар од „Bankhaus Metzler“. Имено, Винтеркорн започнал да спроведува план на штедење со кој до 2017 компанијата би требало да ги намали трошоците за пет милијарди евра.

Меѓутоа, се очекува дека сега уште помал дел од заштедата ќе биде остварен на штета на работникот. Имено, минатото лето Винтеркорн морал да ги одбие сугестиите на консултатнтската куќа McKinsey поради притисокот на синдикатот. Што се однесува до Пиех, германската јавност сепак не очекувала дека така лесно ќе си замине од компанијата и ќе го остави своето животно дело. Како извршен директор беше на кормилото од 1993 до 2002, а после тоа беше на местото претседател. За тоа време го претвори VW од губитник во профитабилна, глобано застапена компанија, иако имал погрешни одлуки, како моделот Phaeton, потоа Bugatti Veyrona и Аudi А2.

Но групата VW денеска продава преку 10 милиони возила, во приходи од 200 милијарди евра годишно и ги произведува во 118 фирми во 31 земја. Прашањето е како сега ќе се постави Пиех кој држи 13 посто од акциите на компанијата. Можеби во тој контекст треба да се присетиме на неговата изјава од 2010 кога Порше се најде на работ на пропаст бидјеќи сакаше да го преземе VW.

„Прва генерација создава, втора одржува, а мојата генерација е трета - нормално е таа да уништува“, изјавил тогаш Пиех.

Можеби ќе ве интересира

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет