05 Декември, 2025
0.0529

Драги Манев: Почнав со органско производство, и не мислам по никоја цена да се откажам

Објавено во: Агробизнис 26 Септември, 2018 06:26

Добивај вести на Viber

57 годишниот Драги Манев од селото Паликура скоро четири децении се занимава со земјоделство, а веќе пет години е сертифициран органски производител, на што претходела една до две години пробна работа.

Произведува органски праски, модар патлиџан, индустриски домат и пиперка ајварка. Вложил доста средства за оваа работа. Вели дека 1500 евра потрошил само за набавка на семиња од Швајцарија, плус систем капка по капка за наводнување, и ред други трошоци, но сепак работата го исполнува. Работи со своето семејство, има површина од 2.5 хектари со органско производство, и обезбедил пласман за српскиот пазар.

„Јас од оваа работа не мислам да се откажам. Ова го прифаќа Европа, во Данска многу е барано, и зошто ние да се враќаме назад? Добро би било и другите земјоделци ова да го прифатат, но тешко оди. За овие седум години не убедив ниту еден да почне да се занимава со истото или барем да ме ислуша. Добро би било кога овие производи би оделе за странски пазар, но и домашниот да ги прифати. Една тура веќе имам пратено надвор, а сега се подготвувам за втора“ - вели Манев.

Од оние производи кои тој ги произведува органски, вели дека најбарана е ајварката, а најтешко да се произведе органски е морковот.

„Морковот органски се бара, но јас немам произведено, затоа што е тешко да се произведе, тој е многу нежен, и од плевел тешко се чисти“- рече Манев.

Сепак, додава дека земјоделската работа е доста тешка и бара многу труд.

Побарувачката за органски производи на светско ниво се зголемува со многу брзо темпо. Во 2015 година достигна 90 милијарди долари за разлика од 1999 година кога беше 15 милијарди. Најголеми потрошувачи се Швајцарија, Германија, Велика Британија, Луксембург и Данска.  Побарувачката е голема и во САД и Канада.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?