17 Декември, 2025
0.0470

Дождливите денови се идеални за собирање на полжави – колку може да се заработи?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 07:05

Добивај вести на Viber

По дождот во природа се раздвижуваат полжавите, но и собирачите за кои ова е шанса да заработат некој денар плус.

Деновиве имавме дождливо време, а  во земјава има над 1.000 собирачи на полжави, иако со текот на годините нивниот број се намалува. Оние кои собираат полжави се најчесто средовечни луѓе. Тие имаат искуство, ја знаат работата, и теренот каде редовно собираат полжави. За килограм полжави добиваат по 30 или 35 денари, а во сезона за собирачите има работа 20 до 25 дена. Некои успеваат да соберат по 10, 20, а други дури и по 50 или 100 килограми на ден.

„Имаме собирачи скоро од цела Македонија, со тоа што во Гевгелија и Струмица, во тој крај се зафатени со земјоделство и таму скоро и да не се собира полжав. Собирачи на полжави има во Крива Паланка, Куманово, Кратово, Пробиштип, Штип, Кочани и други градови. Важно е полжавите  да се стават во мрежеста вреќа, a дијаметарот да не им биде под 27 милиметри. По дождовите, полжавите се раздвижуваат по дворови, во природа, ги има насекаде, но бројот на собирачи не е како порано затоа што веќе и нема толку луѓе по селата како некогаш. Младите не се многу заинтересирани, најчесто собирачи се луѓето во средни години или постари. Секој ден не се собираат полжави, нив ги има на влажни места, и по дождот излегуваат надвор“, вели Љабинот Круезиу, организатор на откуп на полжави.

Тој објаснува дека во Македонија има голем капацитет за да се работи на собирање  на полжави, но од повеќе причини тој потенцијал не е искористен. Собраните полжави завршуваат во фабрика за преработка.  Април и мај важат за месеци кои се најпогодни за собирање на полжави, а делумно активноста продолжува и до средината на јуни.

Од компанијата „Теа Плантс“ од Велес објаснуваат дека собирачи на полжави има, но сепак не е како порано.

„Има стотина собирачи, кои собираат полжави покрај реките Вардар и Бабуна. Има и собирачи во Чашка, но сега транспортот е скап, и тоа ги одвраќа, затоа што тие треба да одвојат 10 килограми полжави за да го покријат превозот“, додаваат од оваа фирма.

Со парите заработени од собирање на полжави, граѓаните можат да го надополнат својот семеен буџет. Многу семејства во земјава се трудат да заработат и од собирање на билки, шумски плодови, печурки.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас