ЕНВЕР МАЛИЌИ: Трговецот со виски одбран за почесен конзул на Мексико
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2018 16:00
Мексико отвора почесен конзулат во Македонија, со седиште во Скопје, а Владата вчера го прифати предлогот на таа земја за именување на бизнисменот Енвер Малиќи за нејзин почесен конзул во нашата земја.
Малиќи е сопственик на Гемак трејд, застапникот на повеќе светски брендови меѓу кои доминира вискито, а врската со Мексико најверојатно му е пивото Корона. Малиќи познат скопски бизнисмен, лани беше избран за заменик градоначалник на градот Скопје. Тој впрочем стана првиот Албанец кој имал ваква функција. Иако на почетокот даваше интервјуа и зборуваше дека ќе се посвети на градот Малиќи не беше експониран на таа позиција.
Негов е и Хотелот Парк и Спа, на кејот на реката Вардар. Искусниот бизнисмен започнува со Гемак Трејд во 1991 со дистрибуција на цигари, чоколади и парфеми од фри-шоп зоните кои се дистрибуирани на македонскиот пазар.
Гемак се реорганизира во дистрибутерска куќа фокусирана на домашниот пазар, за производи од реномирани познати светски фирми кои самостојно ги увезува. Во 1997 се здобива со ексклузивитет за увоз и дистрибуција на истите, и со нив и денес успешно работи. Гемак во 2001 отвора својa сестринска фирма и во Приштина. Гекос, претставништвото на Гемак на Косово, се занимава со дистрибуција на истите брендови кои се дистрибуирани во Македонија
Во моментов го снабдува македонскиот пазар со најпознатите брендови на виски. Дистрибуира неколку познати брендови на тутунски производи, освежителни пијалоци, вода кафе, како и и кондиторски производи.
Гемак Трејд располага со парк од 30-тина сопствени возила и голем магацински простор, а превземањето главно го врши од Холандија и Албанија.
Во 2010 година Гемак Трејд е прогласена за најуспешна компанија во северозападна Македонија со вкупен промет од речиси 3 милијарди денари
Успеа да изменаџира зделка со контроверзниот „Кинески ѕид“ зад јужната трибина од националниот стадион во Градскиот парк во Скопје и од потенцијална џиновска руина во 2014-та го отвори како луксузен апартманско-хотелски комплекс.
Од Хотел Парк и Спа тогаш соопштија дека целата инвестиција чинела 15 милиони евра.
A.K.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




