23 Април, 2024
0.0273

ДОНЕСОА ТРАКТОРИ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ - земјоделците на протест ги бараат субвенциите

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Како што најавија, така и направја. Земјоделците преку протестен марш низ скопските улици го изразија својот револт кон власта. 

Се жалат на ненавремена исплата на субвенциите, како и на нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година. Организатор на протестот е Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, а тој е поддржан и од други земјоделски здруженија.

Протестниот марш стартуваше околу 12:30 часот од „Мавровка“, по што со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен сточари, на него присуствуваат и овоштари, лозари, тутунари,…

Претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, за МИА изјавил дека протестот нема никаква политичка позадина и поради тоа, не треба да се злоупотребува за какви било политички или партиски цели.

„Протестот се одржува поради глувоста на Владата за сточарите и нема никаква политичка позадина. Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт“, рече Јанков.

Одгледувачите на овци минатата година во декември на мирен протест пред Министерството за земјоделство побараа 1.500 денари субвенција за грло овца, 1.000 денари за оставено женско јагне и 800 денари за предадени грла во кланинчен капацитет,

-Не може да се преговара цела година, а да нема резултат. И тогаш алармиравме дека јагнето ќе нема цена. Отидовме коректно со барања да ги покриеме загубите, а не да печалиме. Ни ветија ќе се разгледаат, но се оглушија. Се уште работиме со загуби. Производната цена на јагнето што ја пресмета Факултетот за земјоделски науки и храна беше 174 денари за килограм жива мера, но се откупуваше за 120 – 130 денари. И со плус обезбедените 400 денари субвенција не се достигнува производната цена. Значи, се уште сме во загуба, нагласи Јанков.

Тој тврди и дека некои сточари се уште ги немаат земено субвенциите за млекото од 2017 година. Според него, некои членови на здружението добивале закани од Министерството за земјоделство.

„Нека престанат да вртат телефони вработени во Министерството и да ги заплашуваат земјоделците. Наредниот пат ќе излеземе со имиња на тие што се јавуваат, да знаат дека не им се плашиме“, потенцира Јанков.

На протестот денеска, според него, учествуваат и членови на Регионалното здружение на лозари од Кавадарци, на Здруженито на овоштари од Ресен, оризари од Чешиново – Облешево, тутунари од Прилеп, сточари од Тетово и Гостивар, како и други индивидуални земјоделци.

Вчера, пак, министерот за земјоделство Трајан Димковски, препозна политички запршка кај протестот. Според него, нема причини земјоделците да излезат на протест, но, сепак, смета дека тоа е нивно право. 

„Цело време заедно со нив ги планиравме интервентните мерки и секогаш беа информирани кога точно може да ја очекуваат исплатата“, нагласи Димковски, обвинувајќи ја опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протестот.


Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии