ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Се зголемува откупната цена на винското грозје за 25 отсто

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2024 21:14
Цената на килограм грозје „смедеревка“ со пресметаните 25 отсто ќе биде 18,3 денари, а цената на килограм грозје „вранец“ ќе изнесува 20,8 денари, објави денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Појаснуваат дека ја земале предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25 отсто во согласност со Законот за вино.
Можеби ќе ве интересира
ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?
