ДОНАЛД ТУСК ДО СКОПЈЕ И ТИРАНА: Ве молам не се откажувајте
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019 15:25
Целосно ја разбирам вашата фрустрација, зашто вие го направивте вашиот дел, а ние не, им порача на Скопје и Тирана претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск на денешната прес-конференција по завршувањето на Самитот.
Тој ги замоли двете земји да не се откажуваат.
„ЕУ е комплексен политички субјект и навистина понекогаш ѝ треба предолго да одлучи, но апсолутно немам сомнеж дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече Туск.
Вели дека Македонија и Албанија не се криви и дека направиле сè што се барало од нив и дека Преспанскиот договор е извонредно достигнување, но, иако големо мнозинство од членките сакале, „неколку земји“ не биле подготвени да дадат датум за преговори.
„Лично мислам дека тоа е грешка“, рече Туск.
Во мај 2020 година, пред наредниот Самит на ЕУ во Загреб, европските челници ќе се навратат на ова прашање.
Туск деновиве се обиде да го разубеди францускиот претседател, Емануел Макрон, но не успеа. Германската канцеларка, Ангела Меркел пак вели дека сметала дека е подобро да се третираат кандидатурите за членство на Северна Македонија и Албанија заедно, наместо да се дадат пристапни преговори само на Скопје.
Шефот на државата, Стево Пендаровски свика лидерска средба за в недела.
Македонските власти претходно потенцираа дека земјата го смени името за да напредува во евоинтеграциите и дека тоа е голема жртва.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција





