Доналд Трамп се откажа од платата
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Доналд Трамп го даде своето прво телевизиско интервју по победата на претседателските избори во САД, соопшти Франс прес.
Во интервјуто емитувано од телевизијата Си-Би-Ес, рече дека се откажува од платата.
Вели дека ќе се откаже од платата што изнесува околу 400 000 долари годишно.
„Не, нема да ја примам оваа плата. Нема да ја прифатам"- рече бизнисменот.
Во интервјуто, од кое делови беа објавени во текот на викендот, Трамп ја соопшти својата намера да протера до 3 милиони илегални имигранти. Зборуваше за абортусот, геј браковите, поседување оружје и за други теми.