03 Мај, 2024
0.0284

Доналд Трамп ќе ги прифати резултатите од изборите ... ако победи

Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги прифати резултатите од изборите, само ако тој победи, пренесе Франс прес.

- Им ветувам на сите мои гласачи и поддржувачи, и на сите луѓе од САД дека целосно ќе ги прифатам резултатите од овие големи и историски претседателски избори, рече тој на митингот во Охајо и по долга пауза додаде: „Ако победам“.

Тој појасни дека го задржува правото да ги оспори резултатите и да активира судска постапка, ако тие се сомнителни.

Во последната дебата против Хилари Клинтон Трамп одби да одговори на ова прашање. Тогаш неговиот противник го осуди со зборовите: „Ова е ужасно“.

Во меѓувреме се појавија десетина жена кои тврдат дека биле предмет на сексуална злоупотреба од страна на милијардерот. Карена Вирџинија била фитнес инструктор, кога пред неколку години при случајна средба со Трамп тој ја допирал во областа на градите.

„Бев во шок. Му реков да се повлече, но тој ми рече: „Не знаеш кој сум јас?“ Беше ужасно“, се сеќава Вирџинија.


Можеби ќе ве интересира

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен