Донација на училишни материјали и прибор за децата од ранливи категории
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2024 12:30
Со цел да им помогнат на семејствата од социјално ранливите категории во полесно надминување на предизвиците при набавка на училишни материјали и прибор, вработените во Финмак покренаа иницијатива за донација на нови и употребени, но употребливи училишни материјали, кои на дечињата ќе им овозможат подеднакво да уживаат во своето ново образовно поглавје.

Донацијата беше реализирана во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија кој ќе се погрижи собраните донации да бидат доставени до лицата на кои оваа помош им е најпотребна. Покрај донацијата на училишни материјали, ќе биде реализирана и донација на парични средства во вкупен износ од 49.000 ден. кои клиентите на Финмак ги донираат во кутиите за донации на Црвениот крст поставени во сите филијали на компанијата ширум државата. Средствата од кутиите ќе бидат наменети за набавка на училишен прибор во согласност со динамиката на потреби утврдени од општинските организации на Црвениот крст.

„Септември е синоним за нови почетоци. За тоа најмногу потсетува училишното ѕвонче кое ги врати детската смеа и возбудата за новите образовни достигнувања во училишните клупи. Сепак, овие почетоци можат да бидат предизвикувачки за децата и семејствата од ранливите категории, бидејќи за жал се соочуваат со основни егзистенцијални потешкотии. Ќе ни биде особено драго доколку со оваа наша скромна заложба, успееме да предизвикаме насмевка кај дечињата и ги охрабриме смело да зачекорат во новите патувања“, изјави Гордана Јовановска од одделот за маркетинг и односи со јавност во Финмак.
„Црвениот крст на Република Северна Македонија ја изразува својата искрена благодарност до Финмак за нивната значајна поддршка и донација на училишен прибор за децата од социјално ранливите категории. Оваа помош ќе им овозможи на многу деца да ја започнат новата учебна година подготвени, давајќи им поддршка во нивниот образовен пат.
Нивната поддршка е позитивен пример за општествена одговорност и вложување во иднината на нашите најмлади. Се надеваме дека заедничката соработка ќе продолжи и во наредниот период насочена за доброто на нашата заедница.“изјави д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




