19 Декември, 2025
0.1009

ДОМАТИ, ПИПЕРКИ, КРАСТАВИЦИ, ЛЕЌА: Еве колку ќе чинат...

Објавено во: Економија 11 Април, 2023 16:49

Добивај вести на Viber

Владата на денешната 146-та седница донесе Oдлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.

Согласно одлуката се утврдува цена во висина: до 95 денари за  килограм свежи домати, до 95 денари за  килограм свежи краставици, до 70  денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари  за  килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари за  килограм портокали, до 65  денари  за  килограм мандарини и до 60  денари  за  килограм лимони.

„Министерството за економија, како предлагач на Одлуката, соопшти дека врз основа на спроведените консултации со најголемите увозници на овошје и на зеленчук во Република Северна Македонија, како и имајки ги во предвид најновите податоци од Царинската управа, е утврдено дека увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена, поради претстојните празници. Ова, како што стои во образложението на Министерството, е причината, поради којашто се предлага измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 3 април 2023 година, а со што цените на дел од производите опфатени во оваа Одлука се зголемуваат сразмерно на зголемувањето на увозната цена за нив. Зголемување на цената има кај свежите домати, свежите краставици, кромидот, свежите зелени пиперки, гравот, бананите, портокалите, мандарините и лимоните, додека за карфиолот се укинува ограничувањето на највисоката цена, а кај леќата цената останува непроменета“, велат од Владата. 

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година.   Опозицијата ја критикуваше мерката за замрзнувањето на цените кое власта го направи претходно.  За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замрзнувањето на цените нема да има никаков ефект за да се намали инфлацијата. За него ограничувањето на цените е анти економска мерка.

Владата минатата недлата ја замрзна цената на 11 видови овошје и зеленчук. Но, откако увозниците се жалеа дека не им е исплатливо да продаваат, а надлежните утврдија фиктивни фактури, денеска одлучија да ја корегираат цената нагоре. 

foto freepik.com/KamranAydinov

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд