15 Декември, 2025
0.0313

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

Објавено во: Финансии 14 Февруари, 2025 13:01

Добивај вести на Viber

Владата се задолжи за 22,3 милиони евра на домашниот пазар, а обврзницата од денеска почна и да котира на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 14.02.2025 година на Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници“, наведуваат од берзата. 

Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, и тоа петнаесетгодишна, при што вредноста на емисијата е 1,369 милијарди денари или околу 22,3 милиони евра.

Датумот на издавање е пред една недела, а парите треба да се вратат до 6 февруари 2040 година, односно после 15 години.

Каматната стапка е 5,1 отсто, што, мора да се констатира, дека е намалување во однос на претходните бројни издавања на вакви петнаесетгодишни државни хартии од вредност, кога каматата изнесуваше 5,6 отсто. 

Тоа значи дека трендот на намалување на каматите постепено се префрла и кај државните хартии од вредност, што ќе направи и државата малку да здивне од плаќање на високи каматни стапки. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари