26 Април, 2024
0.0269

Долгот на јавниот сектор достигна 312 милиони евра, МФ ја објави најновата листа

Објавено во: Економија 29 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Долговите на институциите од јавниот сектор достигнаа безмалку 312 000 000 евра, според кварталниот извештај за првото тромесечие објавен од Министерството за финансии.

На најновата листа на државни должници и натаму предничи Македонски железници Транспорт со 63,8 милиони евра, а втори се АД МЕР, или сега АД Национални енергетски ресурси, со долг од 25,5 милиони евра. На трето место е ЈП колекторски систем Скопје, кои должат 12,5 милиони евра. Општина Тетово, традиционално голем должник се на четврта позиција, со долг од 11,3 милиони евра, а петти се ЈП Водовод Куманово, кои должат 7,9 милиони евра. Шестото место овој пат е за општина Охрид со долг од 7,1 милиони евра.


На седмото место изби АД Електрани на Македонија кој сега има долг од дури 6,1 милиони евра. Државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, прецизно 6.079.544 евра.

На осмата позиција е ЈП МРТ со 5,9 милиони евра. Деветтото место е за ЈП Водовод и Канализација Скопје со долг од 5,6 милиони евра, и на десетта позиција е Општина Карпош, кој има доспеани, а неплатени обврски од 4,9 милиони евра.



Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката