Добивај вести на Viber
Владата во Албанија, во првото полугодие од годинава, го надминала проектираниот вкупен долг за 2013 година. Во законот за државен буџет стои дека годишниот долг ќе биде до 28 милијарди леки, но до првата половина од годинава, властите во Тирана ја надминале оваа бројка. Во полугодишниот извештај се наведува дека само надворешниот долг достигнал 3,7 милијарди долари или повеќе од планираното на годишно ниво за 140 милиони долари.
Инаку, вкупниот јавен долг на Албанија во првото полугодие од годинава достигнал околу 8,7 милијарди долари. Тоа претставува над 63 отсто од домашниот бруто-производ (БДП) на земјата. Kритичната граница за која меѓународните финансиски институции предупредуваат дека не треба да се надмине е 60 отсто. Споредено со истиот период лани, долгот бил зголемен за околу 430 милиони долари.