18 Декември, 2025
0.0787

Долгорочно продолжени концесиите на рудниците за јаглен на РЕК Битола, иако наоѓалиштата се при крај

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Владата со одлука долгорочно му ги продолжи договорите за концесија на АД ЕСМ за експлоатација на јаглен на рудниците во Новаци со намена за производство на електрична енергија во РЕК Битола, иако таму веќе одамна резервите и квалитетот на фосилното гориво се оскудни.

Двете концесии беа истечени на 7 октмври. Владата одлучи концесијата за експлоатација на јаглен кај локалитетот Суводол да ја продолжи за 15 години, а таа кај локалитетот Брод-Гнеотино за 20 години. Претходниот рок траеше 12 години и беше одобрен во 2012. Ова се наедно двете најголеми иаоѓалишта на јаглен во земјата и единствени како активни за потребите на термоцентралата во Битола.

Кај рудникот Брод-Гнеотино ЕСМ не го ископува јагленот со сопствени ресурси, туку од изминатата пролет е ангажирана компанијата „Топлина“ од охридско Подмоље која доби рекорден тендер за сопствени стандарди од 24 милиони евра за ископ од една година заедно со своите партнери-подизведувачи. .

Со настапувањето на енергетската криза, во ЕСМ стана јасно дека нема да може да се потпре само на домашниот јаглен заради задоволување на домашните потреби, односно за производство на струја наменета за универзалниот снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи. За време на енергетската криза од 2022 до средината на 2025 година државните електрани склучија договори за набавка на 4,6 милиони тони лигнит, за кои било договорено да се потрошат над 283 милиони евра. И есенва има повици за купување увезен јаглен за термоелектраните во Битола и Осломеј.


Во меѓувреме се зголеми и притисокот од европската заедница, а ЕСМ започна учества во проекти за зелената транзиција со кредитирање од меѓународните финансиски институции. При тоа беше решено постепено да се затвораат рудниците за јаглен и производството да се насочи кон обновливите извори на енергија. Дополнително, лани пропадна 14-тиот обид за започнување на изградбата на мега-проектот „Чебрен“, а новата власт засега го нема дефинирано концептот пред јавноста за тоа како би се изградила оваа централа на Црна Река.

На термоцентралите што работат на јаглен јасно е дека нема во скоро време да им стават катанец на врата, ниту кај нас ниту во светот, како и тоа дека меѓународните обврски за декарбонизација до 2030 година во нашава земја нема да се исполнат, беше забележано изминатиот период во ревизорскиот извештај на Драваниоот завод за ревизија.

– Иако постојат документи и стратегии за зелена транзиција, тие засега остануваат само на хартија. Институциите не обезбедија јасни рокови, ниту ефикасна координација, а недостига и политичка волја за носење тешки, но неопходни одлуки – нагласуваат ревизорите и предупредуваат дека овие факти ја ставаат државата во ризик од енергетска нестабилност и од високи цени на струјата. Со ова темпо на зголемување на капацитетите од обновливи извори, Македонија ќе заостанува зад европските стандарди за намалување на емисиите на стакленички гасови и ќе се соочи со можни санкции и губење на средства од европските фондови ако не обезбеди значително зголемување на капацитетите од обновливи извори

Претходно, раководството на ЕСМ најави „спас“ во нови наоѓалишта на јаглен во третиот рудник на РЕК Битола, познат како Живојно. Според геолошките пресметки, овој рудник има големи резерви, но за да се отстрани површината ќе требаат доста време и пари. Концесијата за Живојно на ЕСМ му е издадена во 2022 и е со трајност од 30 години, односно завршува во 2032, но засега ова наоѓалиште не е активирано.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје