ДОЛГО ЧЕКААТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Tурција размислува за членство во БРИКС
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2024 15:39
Турција сака да се приклучи во БРИКС.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека имаат намера да разговараат за ова прашање за време на претстојниот состанок во Русија. Настанот треба да се одржи следната недела во рускиот град Нижни Новгород. Фидан изјави дека Турција долго чека да стане членка на Европската Унија(ЕУ), но со години се соочува со противење од некои од членките. Анкара сега го разгледува БРИКС како алтернативна платформа за интеграција.
„Не можеме да го игнорираме фактот дека БРИКС, како важна платформа за соработка, на некои други земји им нуди добра алтернатива“, рече Фидан.
Кажа дека иако групата сè уште има „долг пат да помине“, Анкара го гледа „потенцијалот во БРИКС“.
За време на настанот во Центарот за Кина и за глобализацијата (ЦЦГ) во Пекинг, Фидан рече дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на групата, на кој ќе има претставници од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија, Саудиска Арабија и ОАЕ. Аргентина е земјата која одби да биде дел од БРИКС.
foto freepik.com/EyeEm
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




