ДОКТОРКАТА ОД КУМАНОВО БОЛНА ОД КОВИД-19 ПРАШУВА - како спиете Фонд за здравство откако ми ја скративте платата
Објавено во: Македонија 30 Април, 2020 12:26
Докторката од кумановскта болница, Гордана Николиќ, која се разболе од коронавирусот поради контакт со заболена и поради тоа е принидена да се лекува и во болница и дома, е револтирана што Фондот за зравство и ја скратил платата, а принудена била да плати и партиципација за болничкото лекување.
Според сознанијата на Фактор, платата на оваа докторка, која е анестезиолог, е скратена на 70-80 отсто, а доколку нејзиното заболување се третира како професионална болест, би требало да зема полн износ, односно 100 отсто од платата.
„КОВИД 19 ...40 ти ден. Зошто ,се прашувам? Дали е тоа поради мојот имунолошки систем, дали поради тоа што мојот вистински роденден е 29ти февруари ( па секогаш сум во ретките луѓе), дали животот решил пак да ми ја тестира издржливоста и да види дали како феникс ќе се кренам пак на нозе? Не знам. Но едно знам , во мојата епидемиолошка анкета немам пренесено вирус ниту на едно лице! Бев многу интуитивна и совесна, знаев дека се инфицирав дента од тој контакт со заболен(а) и не сакав други да настрадаат, на работа или околу мене, барав тест и до тогаш да не одам на работа. Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста, да не разболам други луѓе. И мислев за совеста и другите така размислуваат. Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета .“, пишува докторката на својот фејсбук статус.
Како спиете Вие од Фондот за здравство, прашува натаму таа, кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија, дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас два месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам, а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата.
„А пневмонијата и стресот ми се гратис награда. Како спиете кога кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите? А гледам ми се одбива од платата за професионална болест. Како спиете Вие од Уставен суд кога мислите дека не треба да ја исправите и оваа неправда за здравствените работници. Според сите Вас треба да бидам казнета јас и сите ние што сме помагале на болен од кој сме се разболеле. Поради немоќта за неправдата која ја гледам, ја сум под континуиран стрес. Дали би сакале да сте на мое место? Лекар, анестезиолог ...колку тоа бедно звучи...но само во оваа држава, на која сум и лојална како србинка, во која уште татко ми ме запиша во училиште да учам на македонски јазик, затоа што тука живееме и ќе ја почитуваме државата. Боли, многу боли неправдата. Дали некој од Вас што ги донесува овие одлуки и не се труди итно да ги промени, би можел да ме погледне во лице без да ја наведне главата. Совест, чесност и правдина се карактеристики кои треба да ги имате. Вие од највисоките кругови кои донесувате одлуки. Не, не е ова полтички статус, бидејќи јас не припаѓам на ниту една партија. Јас сум здравствен работник и не е важно дали сум лекар, сестра, болничар, јас настрадав на работното место и си ги сакам моите права. И не само јас, како мене има ушто многу кои вака се чувствуваат. А да...и повторно ќе бидам феникс, ќе застанам јас на нозе кои можеби ќе ме одведат надвор од оваа држава,на која целиот живот сум лојална...за жал“, пишува докторката Николиќ.
Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, за денеска најави пресконференција, па веројатно ќе се осврне и на ова прашање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





