Добивај вести на Viber
Аналитичарите на Дојче банка во најновите анализи препорачуваат да се купува злато.
Тие сметаат дека златото носи сигурност во услови на криза и финансиска нестабилност. Иако цената на златото опадна од 1900 долари за унца во 2011 година, на 1200 долари за унца, сепак од Дојче Банка наведуваат дека уште е скапо. Златото го рангираат како најскапа стока во нејзиното 15-годишно искуство во тргување.
„Во глобалниот финансиски систем воочуваме значителни промени, особено корпоративен ризик во САД, поради остриот одлив на капитал во Кина“-објаснуваат нивните аналитичари.
Единствениот аргумент против купување на злато, е тоа што златото не носи камата или дивиденда.
Експертите од финансиската институција „ Morgan Stanley“ процениле дека до 2017 година ќе бидат затворени над 50 рудници за злато, па така дури и пред таа година може да се појави краен дефицит на овој благороден метал на пазарот.