14 Декември, 2025
0.1839

Додека Македонците најмногу трошат за храна, дел од Европјаните помалку од 9 отсто од приходите одвојуваат за истото

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2021 07:16

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани најголем дел од парите ги трошат за храна, додека во развиените земји во Европа за оваа намена се одвојуваат 10 до 15 отсто од приходите. Македонците за храна и пијалоци одвојуваат  41,93 отсто  од приходите, покажуваат податоците на синдикалната минимална кошничка.

Австријците 9.7 отсто од примањата трошат за храна и пијалоци, Ирците 8.6, а жителите на Луксембург 8.9 отсто. Италија, Словенија, Франција, Белгија, Шпанија, Шведска, Малта, Данска, Кипар, Финска, Холандија и Германија се земји каде домаќинставата трошат од 10 до 15 отсто од примањата за храна. Романија котира најлошо, и во оваа земја луѓето над 25 отсто од приходите ги трошат за храна и пијалоци, покажуваат податоците на Евростат. 

„Ако ја земеме минималната плата од 2.071 евра бруто или околу 1.670 нето, за прехрана на една личност можеби е потребно околу 200 евра или за 4 члено семејство околу 700 евра. Цените се повисоки секако, ама како што е мала државата, луѓето ги користат промоциите и на другите држави. Да речеме Германија има поевтино месо, или овошје во Франција, алкохол, цигари гориво, во Луксембург“, вели прилепчанец кој живее и работи во Луксембург.

Весна Димитриевска, социолог кој долго време работи на тема општествена нееднаквост, објаснува дека според научни сознанија, онаму каде најголем дел од парите се трошат за храна и режиски трошоци, тоа укажува дека се работи за низок стандард и сиромаштија.

„Човекот е едно психо – социјално битие и ако вие го сведете на задоволување на основните потреби, преживување, каде е тука иднината?“, вели таа и додава дека реално потребите се поголеми.

Ванеса Алава од Мадрид, Шпанија вели дека да се потрошат 40 отсто од парите во домаќинството за храна е навистина многу. Објаснува дека кај нив луѓето трошат многу пари за скапи кирии во големите градови, но за храна не одвојуваат многу, иако внимаваат како се хранат.

„Кај нас не е скапо да се готви храна дома, но скапо е во ресторани. Луѓето трошат на спорт, внимаваат како се хранат, сакаат да вложуваат за себе и своето здравје. Цените на храната не се високи, затоа што има голема конкуренција“, додава таа.

Минималната синдикална кошница за ноември чинела 33.742,1 денар. Сојузот на синдикати на Македонија објави дека на едно семејство со 4 члена му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби. Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, а 32,03 отсто за домување. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото