19 Декември, 2025
0.0701

Додатокот на плата до 30 отсто за буџетарите започнува да се применува од сабота

Објавено во: Економија 30 Декември, 2021 07:35

Добивај вести на Viber

Владата на 24 декември ја објави во Службен весник уредбата со која на административците финансирани од буџетот може да им се зголемат платите за дополнителни 30 отсто преку додаток. Во оваа уредба јасно е наведено кога започнува да се применува, а тоа е од 1 јануари 2022, односно од сабота.  

Буџетски корисници каде вработените ќе добијат чиновнички бонус се институции како Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, потоа Владата, Секретаријат за европски прашања, Секретаријат за законодавство, Државен завод за ревизија и  Службата за општи и заеднички работи.

Овој пат овие институции не се експлицитно објавени како во старата Уредба, но во новата пишува дека може секој да го доделува додатокот ако има поголемо право за трошење од месечното барање за исплата на плата.

„Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања“, пишува во уредбата за тоа кои може да добијат додаток.

Посебната уредба Владата ја донесе на петти август, истиот ден кога прогласи 30 дневна кризна состојба на целата територија, но без да биде познато од кога ќе започне да важи.  Локалните избори беа распишани наредниот ден, на 6-ти август. Опозицијата ова го протолкува како предизборен поткуп без да може да се спротивстави во Собранието. Од Владата рекоа дека додатокот би се исплаќал по локалните избори.

Максималниот износ на додатокот на плата е 30 одсто или по две основи од 15 одсто. 

Предлогот го дава раководното лице а тоа одлучува и за кој временски период ќе важи додатокот.

Првиот основ од 15 отсто може да биде резултат на специфични работни задачи, постојана достапност, итно постапување, работа со класифицирани информации или подготовка на стратешки документи и анализи поврзани со владините политики. Втората основа за додаток е зголемениот обем на работа, што опфаќа: повеќе задачи заради недоволен број вработени или одлив на кадар, работење подолго време за отсутен колега, работа што не е во описот на работното место, учество во работни групи и комисии и работа на проектни активности.

Од Владата летоска се правдаа дека додатокот на плата не мора да биде 30, односно 15 отсто. Тој процент би бил помал, а секоја институција ќе одлучува посебно доколку нејзиниот буџет го дозволува тоа.

УПОЗ не беа сигурни дека ќе има вистински критериуми за избор на тие кои имале зголемен обем на работа. Од синдикатот рекоа дека ова може да  заврши со необјективен избор на подобни кои ќе добијат зголемување на платата, затоа што кој ќе добие додаток на плата, ќе одреди првиот човек на министерството или институцијата.

„Праксата покажа дека во време на ковид 19 и кризни ситуации како тековната со пожарите, во институциите се издвојуваат поединци кои не се и нема да бидат повеќе од 30 отсто од вкупниот број вработени и кои понесуваат сериозен товар од работата во исклучителни ситуации.За службениците кои извршуваат вонреден обем и вонреден тип работни задачи, одговорното лице на институцијата може да донесе одлука за зголемување на месечниот надомест до најмногу 30 отсто“, објаснија тогаш од Владата.

Исплатата нема да биде за оние вработени кои имаат право на додаток на плата со посебен закон и/или колективен договор.

„Владата на Република Северна Македонија високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи“, гласеше првичниот коментар на Владата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра