18 Декември, 2025
0.0493

Добрите познавачи дневно можат да заработат и по 120 евра од собирање на печурки

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2022 07:33

Добивај вести на Viber

Искусен собирач на печурки може дневно да заработи и до 120 евра. Ова го потврдуваат од компаниите кои се занимаваат со откуп на печурки.

Но, сепак велат дека ова им успева на малкумина, само на оние кои добро ја знаат работата. Во Македонија со собирање на печурки најчесто се занимаваат повозрасни луѓе. Во помалите општини има по стотина собирачи на печурки, но се очекува дека во иднина бројката ќе опаѓа, затоа што младите не се заинтересирани за оваа работа.

„Еден собирач дневно може да извади и повеќе од 120 евра, но таквите луѓе се ретки. Претежно се тоа искусни собирачи кои ја знаат работата, го знаат теренот, инаку оваа година има солиден квалитет на печурки. Релативно е, некој може ќе собере 1 килограм денеска, а некој 100 килограми, но многу важно е годината да биде добра, и да има доволно печурки во природата“, велат од фирма во внатрешноста на Македонија.

Горан Илијов веќе 25 години активно собира печурки во штипскиот дел од планината Плачковица и објаснува дека може солидно да се заработи.

„Од дете собирам печурки со татко ми, а имавме и еден професор по биологија кој нè едуцираше, но ако зборувам за активно собирање, тоа се 25 години. Читам литература, сакам да се информира. Еден човек дневно може да заработи дневница од 120 евра, но треба да знае и какви печурки да собира, познавање треба да има. Ако има дожд, има и печурки. Собирам во март, мај, потоа  во есен повторно“, додава Илијов.

Од фирмите каде се врши откуп на печурки велат дека колку некој ќе заработи зависи од искуството.

„Сè е пракса во животот, па така и собирањето на печурки. Мора тој човек да биде подготвен, да ги препознава печурките, но и сите други опасности кои може да се случат на терен. Сметам дека тоа е некој максимум за искусен берач, да заработи 120 евра во текот на еден ден, но тоа се постигнува само ако истото го работи неколку години. Има луѓе кои едвај чекаат да дојде периодот за берба и да одат во планините да собираат печурки“, додаваат од друга фирма.

Во Македонија граѓаните најчесто собираат смрчак, вргањ и лисичарка, но иако се верува дека Западна Македонија има подобри услови за богата реколта на печурки, сепак дождот е пресуден фактор.  Годинава во делчевско собирачи најдоа џиновски печурки, тешки 1.7 килограми.  Претходно, 2020 година беше оценета како една од најдобрите години затоа што имаше богат род на печурки.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?