ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ - ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти
Објавено во: Економија 29 Февруари, 2024 14:57
Убава вест стигна од Регулаторната комисија за енергетика за училиштата, градинките и малите дуќани. Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука за цената на парното греење во Скопје за деловните корисници, со која се намалува цената за 35 отсто.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.
„Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со претходната одлука одевме со повисоки цени, бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлуката со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници“, рече Бислимоски.
Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.
Бислимовски рече дека сега цената на домаќинствата е за 75 отсто пониска од деловните корисници, а претходно беше многу поголема разликата.
Со денешната одлука не се намалува цената на парното за домаќинствата.
„Домаќинствата добиваат субвенции за парното и затоа во овој период не им се намалува цената на парното, но ја следиме ситуацијата и може да има дополнително намалување“, рече Бислимовски.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




