14 Декември, 2025
0.0570

ДОБРА ВЕСТ: ПОМИНАА КРИТИЧНИТЕ 72 ЧАСА, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ВО РЕЛАТИВНО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - најнови информации од Таравари

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 10:42

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска до добри вести за пациентите кои се лекуваат во земјава и во странство, после ужасната трагедија која се случи во Кочани, и во којха животот го загубија 59 млади лица, а беа повредени околу 200. 

Таравари објави дека поминаа првите 72 часа откако се хоспитализирани пациентите, кои се сметаат за критични, и добрата вест е дека досега нема починато ниту едно лице. 

Вкупно болнички се третираат 178 пациенти низ различни здравствени устнови. Од нив, 64 пациенти се низ болниците во Македонија, плус 13 во приватните здравствени установи и сите се во релативно стабилна здравствена состојба. Додека, пак 101 пациоент се третираат низ болниците надвор од државава. 

„Вчера заедно со министерот за надворешни рабноти отидовме и лично ги посетивме пациентите сите до еден и тоа во Грција во болницата Папаниколау,кафде што се тројца пациенти и двајца се во Солуин, се видовме и со семејствата и сите се презадоволни од третманот. Ги видовме и пациентите во Софија, каде што се деветмина и сите се во добра состојба, а добрата вест е што вчера двајца од нив се екстубирани, а за денеска попладне се очекува да се екстубираат уште двајца“, рече Таравари.

Во Клиничкиот центар во земјава има 35 пациенти, на КАРИЛ се шестмина, и од нив еден е за транспорт во странство.

„Последниот треанспорт на пациенти за странство е предвиден за денеска и веќе нема да има леклување на пациенти надвор од државава. Дури, веќе може да очекуваме како постепено ќе почнат да се враќаат пациентите назад од странските клиники во следниве денови. Инаку, денеска претпладне двајца пациенти ќе бидат префрлени на лекување во Шведска и попладне уште тројца пациенти и пшовбеќе нема да има префрлувања“, нагласи министерот. 

Инаку, на Детска клиника се лекуваат 4, на Пластика се 6, сите се во стабилна состојба. На Торакална се 4, на Траума се двајца и еден од нив денеска оди на домашно лекување, на Токсикологија се десетмина и сите се во стабилна состојба, на Пулмо се 2, на Офталмологија 1. Во ГОБ Осми септември се 15, од кои 12 се во стабилна состојба, а двајца од овие пациенти ќе патуваат во Шведска, во Градска се 11, во Штип се лекуваат 3 и од нив двајца ќе одат дома и еден ќе остане на третман во таа болница. 

Во Бугарија се 15 пациенти, во Србија се 30, во Грција се 12 и уште по неколку пациенти во неколку други држави.

„Се надеваме дека сите пациенти ќе закрепнат и полека ќе почнеме да зборуваме за нивно враќање дома“, нагласи Таравари и додаде дека од денеска почнува да функционира Хирургија иако не со полн капацитет, само за онколошките пациенти, а од утре се очекува да работат сите клиники.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина