06 Мај, 2024
0.0236

Добивката на „Витаминка“ падна за 25 отсто!

Објавено во: Економија 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Клучен причинител се трошоците за суровини и други материјали кои пораснале за 1 милиони евра во првите шест месеци во споредба со истиот период лани Нето добивката на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ падна за 25 отсто во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани! Ова се случува во услови кога приходите од продажба на таа компанијата пораснаа за 500.000 евра до ниво од 822,1 милиони денари или 13,3 милиони евра. Тоа е раст од 4 отсто во однос на истиот период лани. Клучниот причинител за падот на добивката лежи во зголемувањето на оперативните трошоци од работењето на таа компанија. Имено од достапните податоци кои се официјални и се објавени на интернет страницата на берзата, се гледа дека на растот на приходите од продажба за 30 милиони денари трошоците од оперативното работење на компанијата пораснале за 50 милиони денари односно за 810.000 евра. Ако се анализира структурата на оперативните трошоци на „витаминка“ се доаѓа до клучниот причинител за растот на оперативните трошоци. Тоа се трошоците за суровини и други материјали. Тие во споредба со првото полугодие лани, годинава пораснале за 62 милиони денари односно за 1 милион евра и изнесувале 486 милиони денари на крајот на јуни годинава. Овој раст на трошоците предизвикал или одел паралелно со кратење на трошоци кај помалите расходни ставки како што се: услугите и останатите трошоци од работењето кои се преполовени годинава во споредба со лани. Значајно намалување на трошокот има и кај амортизацијата. Но и покрај тоа трошокот за суровини многу влијаел врз вкупните трошоци и на крај се одразил и врз добивката на компанијата. Зголемувањето на овој трошок може да настанало заради различни причини. Прво може да е заради раст на цените на суровините. Ако е така тогаш менаџментот можеби требал претходно да набави поголеми количества суровини. Второ, може да биде резултат токму на очекувања за раст на цените на суровини во иднина што менаџментот го натерало да купи повеќе суровини по пониска односно по актуелна цена. Тоа би бил добар потег, но само на определен временски период зашто понатаму ќе мора да се одрази на цените на производите на „Витаминка“. Трето може причинител да е некој нов фактор што со ваков квантум на информации ние не можеме да го предивидиме, а не е опишан ниту во образложението што до берзата го доставил менаџментот на компанијата. Факт кој може да се види од билансот на состојба е дека залихите на компанијата во споредба со лани сега се пониски за 26 отсто и изнесуваат 178,5 милиони денари. Оперативната добивка која е резултат на приходите и на расходите од работењето изнесува 38,95 милиони денари и во однос на лани е 10,5 милиони денари пониска. Од друга страна пак ако се спореди вториот со првиот квартал изнесува дека во периодот април-јуни „Витаминка“ има поголема оперативна добивка која изнесува 21,8 милиони денари, а во првиот квартал изнесувала 17,1 милиони денари. Дополнително намалување на оперативната добивка предизвикале и финансиските расходи кои се за 1,5 милиони денари повисоки од финансиските приходи на компанијата во овој период. Заради тоа нето добивката на полугодие пред оданочување е 36,5 милиони денари. По платениот данок добивката е 32,8 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот