Добиваме или губиме од раното будење на природата?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 25 Февруари, 2023
Деновиве сме сведоци на пријатни температури кои потсетуваат на пролет.
Но, од ова рано будење на природата ќе имаме штети. Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи објаснува дека од овие температури ќе страдаат житариците. Додава дека тие ги трошат јаглехидратите од почвата, влага немаме, затоа што немавме дождови, а отпорноста на штетници се намалува. Дополнително, вели дека земјоделците штедеа на ѓубрива поради скапотијата.
„Една вреќа вештачко ѓубриво достигна до 50 евра, така што луѓето штедат на потхранување на житните култури. Од раното будење на природата има само негативни ефекти, нема ништо позитивно. Ако овошките почнат да цутат и се развијат, односно направат плод, потоа на температури од -1, -2 степени доаѓа до измрзнување ако се во фаза на цвет, ако се со формиран плод, на -4, -5 степени, ќе бидат уништени. Најрано цвета бадемот и коскестите овошја, јаболкото расцветува нешто подоцна. Ваквото време е поволно само за кроење на лозјата и овошните насади и за да можат луѓето да шетаат по парковите. Имало периоди кога во март сме имале снег или во април сме имале ниски температури. Зимава во Скопје не видовме снег“, рече Ангелески.
Сопствениците на насади со бадем потврдуваат дека високите температури не се во нивна полза.
„Имаме 9.000 садници, плус уште 4.000 нови и ако продолжат температурите над 15 степени, наскоро бадемот ќе цути, а тоа секако е штетно не само за бадемот, туку и за другите овошки“, додава овоштар од Росоман.
Во околината на Радовиш мал дел од дрвцата веќе цутат.
„Ако вака продолжи за 10-тина дена очекувам дека сите бадемови дрвца ќе цутат. Тоа не е добро, затоа што понатаму температурите можат да паднат, бадемите да измрзнат и да нема род“, вели радовишанец која поседува еден хектар површина под бадем.
За време на викендот има најави за дожд, но температурите ќе се искачат до 17, 18 степени. Во Гевгелија веќе има расцутени бадемови дрвца.
Сања Атанасовскафото Фејсбук/Љубчо Алексовски
Можеби ќе ве интересира
„КОМШИИ ПОМАГАЈТЕ, НИ ФАЛАТ ЖАРДИНИЕРИ, ВЕ МОЛИМЕ ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГИ НАЈДЕМЕ“: Шанса за центар со видео против тврдењата на општинските власти

„СДСМ ИМА ДОЛГОГОДИШНО ДРЖАВНИЧКО И ПАРТИСКО ИСКУСТВО“: Ковачевски вели ќе направат се за до 2030 да влеземе во ЕУ

ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА - вродија ли со плод повиците за сплотеност

И ВО ОКТОМВРИ НЕ ЧЕКААТ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ги деталите

КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

„СОНОТ НА ЕДНО НАЦИОНАЛИСТЧЕ КОЕ СИ НАПРАВИ МАФИЈАШКА ДРЖАВА“: Најчевска распали за Груби и најавата дека пруга кон Драч е приоритет

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА СЕДИ ВО ОВА ДНО ОД ПАРЛАМЕНТ, ИМ ДАВААТ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ШВЕРЦЕРСКИ ЗАКОНИ: Ванковска распали за Маричиќ и скандалот со пратеничката Дафина

СЕ ОГЛАСИ Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО БИТОЛА: Мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на леукемија

УБАВИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА ОД ГАК: По 66 дена, новороденчето на семејството Зендели замина дома, од 900 грама сега тежи цели два килограми!
